Дали депресијата е заразна?

Дали депресијата е заразна?

Дали некогаш сте забележале како вашето расположение се менува кога сте во друштво на негативни личности? Депресивното расположение не само што е лошо за личноста која така се чувствува, туку влијае негативно и на другите. Чувството на депресија е заразно. Одбегнувајте да бидете со личност која е во депресија или најдете начин да помогнете за излез од меланхоличното расположение.Дали депресијата е заразна?

Како депресијата е заразна?

Експертите тврдат дека депресијата е заразна, тргнувајќи од нагонот за критикување кој го имаат таквите личности. Најчесто депресијата се случува поради загуба на нешто важно, па личностите кои се во депресија, како резултат на беспомошноста, престануваат да се ценат самите себе. Како што не се ценат себеси, така не вреднуваат ничиј труд. Што и да правите ќе бидете критикувани. Не очекувајте личност која е во депресија да ве пофали дека сте изгубиле неколку кила, туку ќе го потенцира негативното бидејќи тоа е единственото што го забележува. На пример, дека новата фризура не ви стои добро. Колку и да се чувствувате самоуверено, во постојано друштво на вакви луѓе вашата самодоверба ќе почне да се ниша.

Депримираните личности ја пренесуваат негативната енергија. Тоа е како да стои темен облак над нив, па штом сте до нив и вас ве зафаќа истиот облак. Тие се изолираат од социјалните збиднувања, па доколку, на пример вашиот партнер е депримиран, ќе ве повлече да останете со него дома пред телевизор.Дали депресијата е заразна?Оние кои се во депресија ви ги отежнуваат обврските. Исто како што инспирираните луѓе ве мотивираат за повеќе, депримираните ве држат пасивни. Ако, на пример, го гледате вашиот колега како доаѓа на работа без волја за живот, истото тоа депресивно расположение ќе ве зарази и вас. Доколку во бракот еден од партнерите е во депресија, тој/таа ќе престане да ги извршува домашните обврски, оставајќи премногу на ваш товар, што со сигурност нема да направи да се чувствувате добро.

Депресијата може да се излечи

Депресијата не смее да се игнорира! Стресот на модерното живеење неретко резултира со физички и психички болести. Кога гледате како личност која ви е блиска запаѓа во депресивно расположение, не смеете да го игнорирате проблемот мислејќи дека ќе мине за брзо. Постојат многу начини и терапии со чија помош депресивното расположение може да исчезне. Ако личноста не ви е толку блиска за да ја советувате, или не го прифаќа вашиот совет, оддалечете се, депресијата е заразна и со сигурност на некаков начин ќе ви наштети и вам.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар