Брзи растегливи колачиња кои се топат во уста

Забавни на изглед, уште позабавни на вкус

Брзи растегливи колачиња кои се топат во уста

Потребни состојки:
  • 1 пакетче жолта мешавина за торта
  • 1 пакетче пудинг од ванила
  • 60 мл вода
  • 130 грама растително масло
  • 2 јајца
  • ½ мало пакетче M&M’s бонбони
  • 100 грама чоколаден чипс или рендано чоколадо
Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

2. Ставете ги сите состојки во еден голем сад и измешајте ги.

3. Сипете ја густата мешавина на намасленето тавче за печење.

4. Печете ги колачињата 20-30 минути, во зависност од тоа дали сакате да бидат порастегливи или покрцкави. Доколку рабовите стануваат златни и крцкави, веројатно се готови.

Забелешка: Оригиналниот рецепт е со повеќе масло (160 грама), но за да не ви дојдат премногу мрсни колачите, можете да ја намалите количината или пак да употребите исто толку јаболково пире или мајонез.

Брзи растегливи колачиња кои се топат во уста Брзи растегливи колачиња кои се топат во уста


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар