8 причини да ја засакате сауната

Придобивките од одењето во сауна се многубројни. Освен што е одличен начин на кој може да поминете пријатно време, воедно е и ефикасен начин за грижа за вашето здравје.

1-8-prichini-zaradi-koi-treba-da-ja-zasakate-saunata-www.kafepauza.mk_

1. Ги извлекува токсините од вашиот организам

Потењето е еден од начините на кои телото се ослободува од токсините кои сме ги внеле на различни начини. Сауната го прави токму тоа, ги извлекува токсините од нашите тела и тоа е наједноставниот начин за чистење на организмот.

2. Помага при губењето на килограмите

Одењето во сауна е одличен начин да ги изгубиме вишокот килограми, со минимален труд. За само дваесеттина минути во сауната во која температурата е околу 70 степени, телото ќе изгуби над 500 калории. Метаболизмот се забрзува како и кај зголемениот физички напор и е одличен начин да го доведете вашето тело во форма.

3. Го зајакнува имунитетот

Уште една придобивка од одењето во сауна е јакнењето на имунитетот. Клучниот дел од имунолошкиот систем се белите крвни зрнца или лимфоцити, а сауната го зголемува нивниот број. Редовните корисници на сауната имаат поголемо ниво на лимфоцити и со самото тоа појак имунитет.

4. Овозможува социјална интеракција

Ова не се однесува на корисниците кои одат во мали и приватни сауни. Но, одењето во некој спа центар кој има голема сауна овозможува дружење со други луѓе, пријатели и роднини.

2-8-prichini-zaradi-koi-treba-da-ja-zasakate-saunata-www.kafepauza.mk_

5. Ја зголемува издржливоста во спортските активности

Нашето тело има одредено ниво на отпорност на високи температури, а редовната употреба на сауната дополнително ја зголемува таа способност. На тој начин ја зголемуваме издржливоста во физичките активности.

6. Одлична е за косата

На темето имаме посебни лојни жлезди кои помагаат нашата коса да не биде премногу сува, но заради претераното третирање на косата, жените може да имаат сува коса на која ѝ е потребна влажност за да се подобри нејзината еластичност. Времето поминато во сауна ја зголемува работата на тие жлезди и ја дава потребната еластичност на нашата кожа.

7. Го забрзува заздравувањето после вежбањето

Во денешно време многу теретани нудат и можност за одење во сауна. Всушност, сауната е ефективен начин на кој можеме да заздравиме после вежбањето. Мускулите побрзо ќе се опуштат отколку во нормални услови.

8. Ја подмладува кожата

Одењето во сауна е одличен начин на кој можете да ја вежбате кожата. Како што стареете, вашата кожа станува помалку еластична, а само неколку посети на сауната ќе ја подобри работата на вашиот крвоток, односно ќе ја подобри циркулацијата, ќе ги рашири порите и ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар