7 совети за здравје кои сите бремени жени би требало да ги знаат

Кога сте бремени, вие не се грижите само за себе, туку и за уште едно човечко суштество. Ова значи дека ќе мора да преземете повеќе мерки за да бидете што е можно повеќе здрави. И покрај тоа што понекогаш делува како тешка работа, со доволно упорност ќе можете да издржите на поздрав режим на исхрана. Токму затоа погледнете ги следниве 7 совети според кои сите жени треба да се водат за време на бременоста.

7 совети за здравје кои сите бремени жени би требало да ги знаат

1. Пијте многу вода

Дехидрацијата многу често е виновникот за утринското лошење, како и за тврдата столица. Обидете се да пиете околу 2 литри (8 чаши) вода дневно со цел полесно да се справите со овие состојби. Доколку утринското лошење ве држи настрана од студени пијалаци, пијте топла вода со свеж лимон или свежо нане.

2. Не пијте алкохол

Вие можеби сте чуле дека е сосема во ред да испиете една чашка, но зошто да ризикувате? Стрпете се овие неколку месеци за доброто на бебето.

3. Прифатете ги протеините и маснотиите

Протеините и добрите маснотии кои доаѓаат од органското месо, кокосовото масло, органските јајца, млечните производи и рибите се одличен извор на витамини Д, Е и К кои се клучни за бременоста. Рибите, јаткастите плодови и семките се исто така одлични за здравјето на вашиот мозок и развивање на нервниот систем на бебето во првото и третото тримесечје.

4. Бидете подготвени

Имајте секогаш во близина здрава ужина како бразилски ореви, семки од тиква, органски кајсии… Во првите неколку недели таа е одличен начин да добиете повеќе енергија и да го намалите утринското лошење.

5. Јадете природно

Природната здрава исхрана е најдобриот начин да се погрижите да внесете голем број антиоксиданси во вашето тело, па токму затоа избегнувајте ја преработената храна која изобилува со многу шеќери. Можеби сега е совршено време да научите поздраво да готвите.

6. Внимавајте на вашите црева

Тие се изворот на здравје за вас и вашето бебе. Скоро 70% од вашиот имунитет се наоѓа во цревата каде што се случува впивањето на хранливите материи. Токму затоа внесувајте многу пробиотици, особено во последното тримесечје додека се подготвувате за раѓање. Постојат многу докази кои ни покажуваат дека добрите бактерии во желудникот и цревата кај бебето можат да спречат многу болести како астмата или егземот во детството.

7. Јадете од 5 до 6 добро балансирани оброци во текот на денот

Изјавата „јадење за двајца“ не е баш точна, бидејќи вие треба да јадете само 300 калории повеќе во текот на денот од вообичаено. Исто така обидете се да ги јадете вашите балансирани оброци во регуларни интервали секојдневно.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар