7 симптоми на кожа во менопауза и како да се справите со нив

Дали ви се појавуваат акни, или пак имате сува кожа и депигментација? Овие симптоми може да бидат знак на кожа во менопауза. Бидејќи кожата е најголемиот орган на телото, таа ни дава многу знаци за нашето здравје. Сите знаеме колку кожата сака да ја покажува нашата возраст, а истото важи и за менопаузата.

1. Акни

7 симптоми на кожа во менопауза и што да правите во врска со нив

Еден од првите знаци се акните. Причината за ова е промената на рамнотежата на естрогенот и тестостеронот. Акните најчесто се појавуваат на вратот и брадата. За да се справите со ова, додајте ретинол во третманот за вашето лице, користете тоник со гликолична киселина и имајте марамче за отстранување на маснотиите. Исто така отстранете ги продуктите кои ја сушат кожата.

2. Опуштена кожа и брчки

7 симптоми на кожа во менопауза и што да правите во врска со нив

Бидејќи за време на менопаузата се намалува нивото на естроген, резултатот е губење на потребните масти под кожата на лицето, вратот, дланките и рацете. Ова предизвикува брчки и опуштање на кожата. За да се справите со проблемот, користете пептиди, како и третмани со радиофреквенција.

3. Зголемено губење на трансепидермална вода и сува кожа

7 симптоми на кожа во менопауза и што да правите во врска со нив

Дали сте забележале намалена влажност на вашата кожа? И оваа појава може да биде поврзана со менопаузата. Најдобриот начин е да почнете да консумирате масни киселини како омега 3. Тие се наоѓаат во лососот, оревите, јајцата и маслата од алги и ќе ја хидрираат вашата кожа. Исто така, секогаш нанесувајте заштитна крема од сонце на лицето.

4. Хиперпигментација и дамки

7 симптоми на кожа во менопауза и што да правите во врска со нив

Ако забележите дамки или промена на бојата на лицето, причината може да е менопаузата. Естрогенот е поврзан и со производството на меланин. За да се справите со овој проблем, користете продукти со нијацинамид и користете крема со заштитен фактор.

5. Топлина

7 симптоми на кожа во менопауза и што да правите во врска со нив

Ако веќе сте во менопауза, ненадејниот топлински бран може да ви е добро познат. Најсилно се чувствува на лицето, а може да биде проследен и со прекумерно потење. Сепак, и за ова има решение. Почнете да користете маски со антиоксиданси кои ќе ја навлажнат вашата кожа.

6. Влакна на лицето

7 симптоми на кожа во менопауза и што да правите во врска со нив

Поради зголеменото ниво на тестостерон, кај некои жени може да се појават влакна на лицето, особено на брадата. Наместо да ги отстранувате со пинцета, најдобро е да отидете кај дерматолог кој ќе ви помогне да се справите со несаканите влакна.

7. Мрсна кожа

7 симптоми на кожа во менопауза и што да правите во врска со нив

Ако немате сува кожа во текот на менопаузата, можно е кожата да почне да ви се мрси. И овде виновен е тестостеронот. Во овој случај, користете нежни продукти за чистење на лицето, но немојте да претерате со негово чистење. Користете маски од глина, особено на деловите кои се најмасни.

Погледнете и како да ги ублажите неподносливите симптоми на менопаузата.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар