Кое лице изгледа посреќно? Одговорот открива како работи вашиот мозок

Која страна од вашиот мозок е поактивна, и што значи тоа, можете да откриете со помош на овој едноставен тест. Погледнете ја илустрацијата и кажете ни според вас кое лице на неа е посреќно – лево или десно.

koe-lice-izgleda-posrekjno-odgovorot-otkriva-kako-raboti-vashiot-mozok-www.kafepauza.mk_

Левото лице

Кај вас е поактивна левата страна на мозокот што ве прави способни за решавање задачи кои вклучуваат логика, јазик и аналитичко размислување. Левата страна на мозокот е подобра во:

  • јазици
  • логика
  • критичко размислување
  • броеви
  • расудување

Десното лице

Кај вас е доминантна десната страна, а тоа покажува дека одлично се снаоѓате во експресивни и креативни задачи. Некои од склоностите и способностите кои се поврзани за десната половина од мозокот се:

  • препознавање лица
  • изразување емоции
  • читање емоции
  • музика
  • бои
  • фантазија
  • креативност

2-koe-lice-izgleda-posrekjno-odgovorot-otkriva-kako-raboti-vashiot-mozok-www.kafepauza.mk_

На секој човек едната половина од мозокот му е подоминантна, а токму тоа одредува како тој размислува, кои му се приоритетите во животот, дали е повеќе логичен или креативен. На пример, луѓето кај кои левата страна е поактивна се објективни, логичари и склони кон аналитичко размислување. Од друга страна, личностите кај кои доминира десната страна на мозокот се повеќе интуитивни, мислители, субјективни.

Мозокот има две хемисфери, а секоја извршува низа улоги. Двете страни меѓусебно комуницираат благодарение на група нервни влакна кои се најважната врска помеѓу тие две половини.

Левата страна на мозокот управува со десната страна на телото, а десната со левата страна на телото. Според Бруно Добуку, невронаучник од институтот Мекгил во Монтреал, Канада, работите се комплицирани кога е видот во прашање. Нервите од левата страна на двете очи се поврзуваат со левата страна на мозокот, а нервите од десната страна на очите – со десната половина од мозокот.

Невронаучниците д-р Пјер Паул Брок и д-р Карл Верник во 19 век откриле дека луѓето кои имаат проблеми со јазичната обработка, всушност имаат оштетување на одредени области на левата страна на мозокот. Коренот на нивната теорија е верувањето дека за креативност е заслужена токму таа половина на мозокот.

Емоциите се исто така важни, а првата фигура што ќе ја видите во овој тест открива колку сте емотивни. Погледнете ја добро, кликнете на неа и прочитајте нешто повеќе за вашиот одговор!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар