Статус кој предизвика хаос на Фејсбук: Мајките би требало да ги бањаат девојчињата, а татковците момчињата!

Една мајка на три деца, едно момче и две девојчиња, предизвикала лавина коментари после својата објава на Фејсбук во која тврди дека на сопствениот сопруг му забранила да ги бања своите ќерки.

1-status-koj-predizvika-haos-na-fejsbuk-majkite-bi-trebalo-da-gi-banjaat-devojchinjata-a-tatkovcite-momchinjata-www.kafepauza.mk_

Австралијката напишала статус на Фејсбук дека не се чувствува пријатно кога сопругот (се работи за нивниот татко), ги бања девојчињата, бидејќи имаат „различни делови на телото“.

„Мојот маж е вознемирен, бидејќи му кажав дека не сакам тој да ги бања нашите две ќерки. Мислам дека би требало мајките да ги бањаат девојчињата, а татковците синовите. Мајките и ќерките имаат исти делови на телото, како и мажите и нивните синови. Мојот маж мисли дека за него размислувам на болен начин, но тоа воопшто не е така, а и ова мислење сум го имала одамна. Луѓето овие денови често ја користат картата ‘бев злоупотребуван/а’ и јас не сакам ниту да им дадам шанса на своите деца да размислуваат за тоа“, напишала Австралијанката на Фејсбук.

Потоа додала и дека нејзиниот сопруг ѝ се лутел заради одлуката, но дека нејзините деца ѝ се на прво место и таа само го прави тоа што смета дека е најдобро.

Нејзиниот статус ги поделил мислењата на социјалните мрежи, но само мал дел ја разбираат и се согласуваат со неа, додека повеќето ја напаѓаат дека го третира сопругот како педофил. Дел од коментарите следуваат во продолжение:

„Не би требало да размислуваш така, бидејќи со тоа го изедначуваш твојот партнер со педофилите“, гласел еден од коментарите.

„Оваа објава многу зборува за тоа како се гледаш себеси, како и за твојот негативен начин на живеење “, напишала друга жена и додала дека е тажно да не му дозволува на својот сопруг да си ги бања своите деца.

„А, што е со самохраните родители? Зар и тие би требало да престанат да ги бањаат своите синови и ќерки за секој случај?“, уште еден од коментарите што отвориле дополнителна дискусија.

Што мислите вие? Дали се согласувате со нејзината одлука или сметате дека таа претерува со заштитата на своите деца?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар