7 секојдневни проблеми со кои се соочуваат силните и чувствителни луѓе

Дали имате пријатели кои ги сметате за многу силни, бидејќи никогаш не сте ги виделе како плачат и како се жалат поради нивните проблеми? Тие ги споделуваат нивните тајни со вас, но никогаш не покажале вознемиреност, тага или загриженост. Секогаш биле тука да ве ислушаат и да ви понудат совет, но ретко кога побарале помош од вас. Тие луѓе се навистина многу силни и чувствителни и постојано се соочуваат со проблеми што останатите не можат да ги разберат. Ова се 7-те лични борби што тие секојдневно ги водат…

7 секојдневни проблеми со кои се соочуваат силните и чувствителни луѓе

1. Премногу размислуваат

Дали некогаш ви се случило да знаете како некој ќе реагира ако кажете „Не“ и сте се согласиле да направите нешто против своја волја само за да не повредите нечии чувства? Дали некогаш сте се одрекле од нешто само поради туѓото мислење? Ова се мислите што секојдневно ги мачат силните и чувствителни луѓе. Стресот никогаш не ги напушта.

2. Ја кријат тагата

Лесно можете да ги повредите чувствителните луѓе, но силните поединци ја кријат нивната тага. Па така, доколку сте комбинација од двете, сигурно многу често чувствувате болка, но ја криете. Без разлика колку лошо се чувствувате, вие ќе се насмевнете и ќе се однесувате како да е сѐ во ред. Потоа, кога ќе останете сами, ќе се скршите и ќе страдате скришум без никој да ве види.

3. Имаат малку блиски луѓе

Силните и чувствителни луѓе имаат широк круг на пријатели, бидејќи оставаат впечаток на силни поединци. Но, само малкумина ги познаваат вистински. Станува збор за оние неколку пријатели кои ги знаат нивните желби и страдања. На силните и чувствителни луѓе им е многу тешко да се отворат некому и да ја покажат нивната ранливост.

4. Многу лесно се нервираат

Повеќето луѓе ги нервираат силните и чувствителни поединци. Тие станале силни затоа што научиле како да се справат со светот околу нив. Кога силните луѓе ќе забележат дека некој ги искористува за нешто или се однесува мрзливо и плашливо, почнуваат да се нервираат. Тие поминале низ многу потешкотии и научиле како треба да се однесуваат, па истото го очекуваат и од останатите. Чувствителните луѓе многу лесно се нервираат и не можат да ги поднесат глупавите, злобните и плашливите поединци.

7 секојдневни проблеми со кои се соочуваат силните и чувствителни луѓе

5. Со смеа се извлекуваат од секоја незгодна ситуација

Силните луѓе со чувствителна природа очајно се обидуваат да се заштитат себеси. Тие ја откриваат нивната ранливост единствено преку смеењето. Дури и кога се лути и вознемирени, тие знаат дека откривањето на нивните емоции ќе доведе до понатамошни разговори и ќе бидат принудени да ја покажат својата ранливост. Токму затоа, смеата е нивниот спас.

6. Целта на повремените испади не е да повредат нечии чувства

Вистински предизвик е да се биде чувствителен и истовремено да се потиснуваат емоции. Тоа доведува до повремени испади, но тоа не значи дека зборовите кажани во лутина се искрени. Чувствителните луѓе понекогаш не успеваат да останат силни и тогаш ги истураат нивните емоции. Но, нивната цел не е да повредат некого. Таквите луѓе не сакаат да повредат нечии чувства и најчесто се смируваат по гневниот испад.

7. Секогаш ги заштитуваат пријателите и семејството

Силните и чувствителни луѓе секогаш ги заштитуваат нивните пријатели и семејство. Без оглед на околностите, секогаш можете да им верувате и да сметате на нив. Благодарение на нивната сила, тие знаат како да се справат со проблемите, а благодарение на нивната чувствителност, тие секогаш ги ставаат нивните сакани на прво место.

Тешко е да се биде и силен и чувствителен истовремено, но таквите луѓе се вистинско богатство кое треба да го цените и чувате во вашиот живот.

Прочитајте ги и овие 8 карактеристики што ги одликуваат моќните луѓе.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар