7 причини зошто е добро да ви се распадне животот

Сите сме имале периоди во животот кога сѐ што можело да тргне наопаку, тргнало. Не, овде не станува збор за понеделник или за некое мало проблемче. Овде зборуваме за „ТЕ МОЛАМ ГОСПОДЕ ПОМОГНИ МИ, НЕ МОЖАМ ПОВЕЌЕ!“ Но, тие моменти на очај, тага, депресија и што уште не, всушност можат да бидат многу корисни за нас. Еве како.

0-7-pricini-zosto-e-dobro-da-vi-se-raspadne-zivotot-kafepauza.mk

1. Се здобивате со ново гледиште

На почетокот поминувате низ пекол, плачете на подот од вашиот тоалет, мислите дека работите не можат да бидат полоши. Но, наеднаш од некаде се појавува сноп светлина и надеж дека сѐ ќе се среди. Кога поминувате низ тежок период, вие станувате побогати за едно искуство и сфаќате дека животот вреди да се живее. Откако ќе помине бурата од емоции низ вас, сфаќате дека не вреди да се тагува и да се троши време на малите проблеми.

2. Станувате благодарни за она што го имате

Многу е тешко да се сетите на убавите работи во животот, кога тој едноставно одлучил да се сврти против вас. Но, кога сè друго ќе тргне лошо, убавите работи ве потсетуваат што е добро во вашиот живот. Така учите повеќе да ги цените работите кои можеби претходно сте ги занемарувале. Често во животот треба да се случи нешто трагично за да нè натера да го цениме она што е добро.

3. Гледате кои ви се вистински пријатели

Барањето помош и самото признавање дека воопшто ви е потребна е чекор кој не баш секој може да го преземе. Но, кога ќе видите кои луѓе се спремни да се жртвуваат за вас, тогаш ќе знаете кои луѓе и заслужуваат да ги делат вашите радости. Животот е предизвик кој некогаш ни задава тешки и ниски удари, но кога имате некој што ќе ви помогне полесно да го примите ударот, па макар само да ве ислуша, работите веднаш стануваат полесни.

4. Сфаќате колку сте всушност силни

Не залудно постои мислата „Она што не нè убива нè прави посилни“. Човекот е битие кое се потпира на надеж, а надежта е најмоќното оружје против лошите мисли. Откако ќе помине мрачниот период, ќе сфатите дека вие сте доволно силни и дека можете сѐ да пребродите. Од таа битка излегувате многу посилни, со искуство плус и спремни да се справите со сите предизвици кои животот ви ги задава.

5. Учите како да пружате поддршка

Многу полесно ќе ги разберете другите луѓе кои поминуваат низ тежок период кога веќе вие самите сте поминале низ таков. Иако никогаш не можете да знаете точно како се чувствуваат, кога веќе сте искусиле мрачен период во вашиот живот, тогаш знаете како да ги утешите луѓето околу вас и да ги уверите дека таа фаза набрзо ќе заврши.

6. Добивате инспирација

Сите најубави дела од големите уметници, поети и музичари се инспирирани од болка или се создадени за време на нивните најмрачни периоди од животот. Дури и ако креативноста не ви е силна страна, секогаш постои нешто што ќе поттикне развој на нови идеи во вашата глава. А како ќе ги канализирате, тоа само од вас зависи.

2-7-pricini-zosto-e-dobro-da-vi-se-raspadne-zivotot-kafepauza

7. Учите да верувате и да ги пуштате нештата сами да течат

Ова се случува кога поминувате низ тежок период во животот и сфаќате дека всушност не можете ништо да направите околу тоа. Потребно е да помине многу време и да искусите многу болка и многу тешки моменти во животот за да дојдете до ова сознание, но кога тоа конечно ќе се случи, ќе се ослободите од целата негативност и ќе се фокусирате кон позитивниот аспект од вашиот живот кој се наоѓа пред вас.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар