Нова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дно

Нова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дно

Дубаи може да се пофали со многу прекрасни објекти, но, за разлика од сите тие кои се издигнуваат нагоре, најновата импресивна градба се нурка под површината на водата.

Нова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дно

На четири километри од брегот на Дубаи, ќе биде сместена луксузната вила „Floating Seahorse“ која ќе плови и ќе се простира на три нивоа, од кои долниот целосно ќе биде потопен во водата.

Нова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дно

Два огромни прозорци, секој од под 25 метри квадратни, од спалната соба и бањата обезбедуваат спектакуларен поглед кон коралниот гребен и подводниот свет.

Нова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дно

Само девет и пол сантиметри дебели, прозорците не би можеле да бидат направени од стакло, затоа што не би го издржале притисокот на водата. Во потрага по решение, архитектите нашле инспирација во подморниците и аквариумите и употребиле акрилик стакло.

Нова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дно

На ниво на морето се наоѓа целосно опремена кујна со трпезарија и дневна соба. Кога ќе се отвори стаклената фасада, терасата станува продолжение на дневната соба.

Нова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дно

Највисокото ниво е совршено место за релаксација и уживање во свежиот воздух. Тој е опремен со кревет, мини бар, кујна и џакузи со стаклено дно.

Нова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дно

Покрај оригиналните модели „Floating Seahorse“ и серијата „Floating Seahorse Tzar“, по цена од 2,5 милиони евра, компанијата Kleindienst понудила уште полуксузен модел, наречен „Signature“. Со повеќе од 370 квадрати, „Signature“ е поголем од своите претходници и во целост може да се прилагоди на желбите на купувачите.

Нова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дно

Во реализацијата на проектот биле вклучени повеќе од 200 професионалци, а било планирано оваа изградба да се заврши оваа година.

Нова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дно

Најголемиот дел од вилата која плови ќе биде сместен во близина на вештачкиот остров Санкт Петерсбург, во облик на срце и чија изградба е во тек. Инспириран од Малдивите, островот ќе биде опкружен со овие вили.

Нова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дно


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар