7 нешта кои никако не смеете да ѝ ги кажете на жена која е сингл во нејзините 30-ти

Откако ќе наполните 30 години и особено ако сте сè уште сингл, луѓето ќе почнат да се однесуваат поинаку со вас. Вие веќе не сте младата девојка која е полна со енергија и која целосно го има сфатено животот покрај шише алкохол. Сега сте жената која „знае подобро“. 30-тите се годините во кои сè се врти околу бебиња, па доколку познавате жена која во моментов не е во врска и која нема деца, тогаш подобро е доколку се воздржувате од следниве 7 коментари за нејзиниот живот…

7 нешта кои никако не смеете да ѝ ги кажете на жена која е сингл во нејзините 30-ти

1. „Мора да родиш бебе пред да наполниш 35 години“

И покрај тоа што науката докажала дека е многу потешко да се има бебе по овие години, тоа не значи дека е невозможно. Голем број жени решаваат да родат подоцна во својот живот и тие сосема добро се снаоѓаат со тоа.

2. „Не можеш веќе да го носиш тоа“

Одеднаш, кога ќе наполните 30 години, вашата гардероба треба целосно да се промени. Постои некое општо прифатено верување дека жените во 30-тите повеќе не треба да ги покажуваат своите нозе, па затоа и се очекува тие никогаш повеќе да не облечат фустан или здолниште. Доколку жената се чувствува пријатно и самоуверено, нема причина зошто да не ги носи сите оние парчиња облека кои ги посакува.

3. „Можеби би требало да се обидеш со онлајн состаноци“

Верувале или не, скоро секоја сингл жена во 30-тите се има сетено на оваа можност. И доколку тоа сè уште го нема направено, тоа значи и дека не ѝ се допаѓа тој начин на запознавање мажи. Многумина мислат дека онлајн запознавањето ги забрзува работите, но реалноста е дека понекогаш тоа само ги влошува.

4. „Премногу пребираш“

Интересно е како кога сте биле тинејџери никој не ви велел да се задоволите со второто најдобро и никогаш да не ги остварите вашите соништа. Но, кога ќе наполните 30, одеднаш доаѓа време за „намалување на очекувањата“.

5. „Не би можела да разбереш, не си родител“

Сите знаеме колку зафатени можат да бидат жените во 30-тите кои имаат свои деца, но тоа не значи дека оние кои се сингл не се способни за емпатија и за помош. Исто така, тие се свесни дека не се родители, па со оваа изјава вие само би ги навредиле.

6. „Нема да го запознаеш господинот Совршен во бар“

Ова може да биде вистина, но понекогаш многу е забавно да не го запознаете господин Совршен во бар покрај пијачка и добро друштво.

7. „Веќе нема да имаш забавни родендени“

Во вашите 20-ти, сигурно повеќето родендени завршувале со пијани бакнежи, непријатни моменти и ужасен мамурлак следното утро. И да не заборавиме на повраќањето. Искрено, дали овие сценарија ги сметате за најдобар начин на славење на роденденот? Плус, не заборавајте дека со 30 години вие сте чекор поблизу до кандидирање за претседател. И покрај тоа што со 18 години можете легално да си купите алкохол, на 40 можете да бидете лидер на државата.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар