6 постапки со кои ја уништувате вашата кариера

Непријатно е да гледате како некој плаче, без разлика дали е тоа некој пријател, член на семејството или некој непознат. Ако не можете да помогнете, сигурно нема да знаете и како да се однесувате. Уште почудна ситуација е доколку забележите како плаче некој колега на работното место и тоа може многу да ви го смени начинот на кој ја гледате оваа личност.

6 постапки со кои ја уништувате вашата кариера

Гледањето како плачат вашите колеги може да предизвика промена на вашата перцепција за нив, а на некој начин ќе ви се намали и почитта што ја имате. Постојат 6 работи кои може во голема мера да ѝ наштетат на вашата кариера, а во продолжение погледнете за што поточно станува збор.

1. Плачење

Веќе споменавме дека плачењето може да ви ги попречи можностите за развивање на вашата кариера, особено кај мажите. Во суштина, истражувачите заклучиле дека плачењето на јавното место, како и на работа, покажува карактеристики на ранливост, што е во спротивно со културните норми, дека мажите треба да бидат силни. Од таа причина, колегите и менаџерите може да ја загубат почитта.

2. Бес и напаѓање

Нормално е на работното место понекогаш да се соочите со стрес кој ќе ве направи бесни и лути, но многу е важен начинот на кој ќе реагирате. Имено, доколку почнете со викање, напаѓање и целосно губење на смиреноста, вашите колеги и претпоставени ќе почнат да ве гледаат со поинакви очи. Размислете, дали е нормално вашиот шеф или колега да почнат да ги расфрлаат предметите од нивното биро само затоа што се нервозни?

3. Често останување дома

Уште еден лесен начин да ја уништите вашата кариера е постојано да останувате дома. Секому му се случува да биде болен одвреме-навреме или да му е потребен слободен ден, но и ова има граници во кои треба да се движите. Дури и вашето работно место да ви нуди можност за работа од дома, важно е што почесто да се појавувате во канцеларијата за да ја покажете својата заинтересираност.

6 постапки со кои ја уништувате вашата кариера

4. Не се однесувате пристојно

Надворешниот изглед значи многу. Но, не само тоа, туку за вас може да зборуваат и вашите акции, па дури и начинот на кој го одржувате вашиот личен простор, што и како јадете и слично. Ако вашата работна маса е полна со трошки, што би помислиле колегите за вас? Можеби ќе помислите дека не е нивна работа да ви судат, но со тоа сигурно нема да оставите добар впечаток, а ниту пак ќе можете да очекувате унапредување.

5. Го нарушувате редот и мирот на другите

Кога работат со повеќе луѓе во една канцеларија, луѓето треба да бидат повеќе толерантни. Но, некои колеги едноставно не ги знаат границите и постојано ги надминуваат, така што слушаат гласна музика, телефонот постојано им вибрира, зборуваат гласно со своите блиски и слично. Ова може да предизвика нервоза и фрустрација кај останатите личности, па така, кариерата не би можела да ви се искачи едно скалило погоре.

6. Станувате насилници

Викањето на работното место и насилното однесување не може да ви донесат ништо добро, баш напротив. Некои луѓе се обидуваат на ваков начин да добијат почит, но постигнуваат само негативни ефекти. Размислете добро како сакате да го градите вашиот професионален однос и паметно смислувајте ги вашите постапки и зборови.

6 постапки со кои ја уништувате вашата кариера

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар