5 знаци на осаменост што откриваат дали сте ја изгубиле врската со себеси

Осаменоста не е позитивно чувство. Секако дека треба да издвојувате време за себе, но постои разлика помеѓу самотијата и осаменоста. Осаменоста може да ја раскине врската што сте ја граделе со себеси. Можеби си мислите дека покрај толку многу луѓе на светот, невозможно е да се нема пријател. Но, осаменоста е многу повеќе од тоа. Таа подразбира чувства на безвредност, изолација и одбивање. Осаменоста може да се јави со различен интензитет, но понекогаш таа е толку силна што на крајот сосема ќе се изгубите себеси. Потоа ќе ви биде уште потешко одново да се поврзете со општеството и да ѝ ставите крај на вашата осаменост.

5 знаци на осаменост што откриваат дали сте ја изгубиле врската со себеси

Во денешно време, ние сме обврзани да ги исполнуваме општествените стандарди коишто се многу неправедни. Општеството ни има наметнато многу сурови и површни стандарди што речиси никој од нас не може да ги исполни. Меѓутоа, сите се трудат толку многу што почнуваат да се лажат самите себе додека не почнат да веруваат во своите лаги. Земете го Инстаграм за пример. Денес, најмодерно е да се објавуваат провокативни фотографии од згодни тела или фотографии од скапи часовници, автомобили и облека. Поради ова, многу луѓе стануваат несигурни и почнуваат да се повлекуваат.

Лажната слика за себе придонесува за губењето на внатрешната врска со душата. Сите сме осамени, сметаме дека не сме доволно добри и дека никој не може да нѐ сака, па затоа не се сакаме ни самите себеси. Вашата осаменост нема никаква врска со вашиот карактер. Станува збор за негативен ефект на општеството што не сака да се промени. Прочитајте ги следниве 5 знаци за да дознаете дали сте ја изгубиле врската со себеси…

1. Мразите да бидете сами

Кога не сте поврзани со себеси, мразите да бидете сами. Правите сѐ што можете за да го одбегнете поминувањето време сами. Можеби не забележувате дека го правите тоа, но размислете и одговорете го следново прашање: Дали се дружите со вашите пријатели 24/7? Постои причина зошто сте постојано со вашите пријатели. Тоа е така затоа што мразите да бидете сами. Треба да уживате во сопственото друштво, а не да бегате од него.

2. Кога сте сами, си го одвлекувате вниманието со разни мисли

Секогаш кога сте сами, вашите мисли мора да бидат преокупирани. Или играте видеоигри, гледате телевизија, излегувате надвор и слично. На тој начин, вие се обидувате да си го одвлечете вниманието. Освен тоа, активностите што ви служат за одвлекување внимание никогаш не ви причинуваат вистинско задоволство.

5 знаци на осаменост што откриваат дали сте ја изгубиле врската со себеси

3. Постојано ги користите социјалните мрежи

Сето ваше време го поминувате на социјалните мрежи. Премногу се грижите за тоа како луѓето реагираат на вашите објави, се грижите за профилните фотографии и за тоа колку следбеници имате. Го посветувате вашето време на профил на личност кој не е вашиот и тоа предизвикало да се поврзете со материјалниот свет при што сте ја изгубиле врската со себеси.

4. Помислата на тоа да останете сами ви создава паника

Секогаш кога сте сами, почнувате да паничите. Кога вашите пријатели се подготвуваат да си одат дома, станувате исплашени на некој начин. Ако немате Интернет, тоа ви создава голема непријатност, а празната батерија на телефонот ја доживувате како крај на светот.

5. Постојано сте во љубовни врски

Постојат многу различни причини зошто не треба да бидете во врска по секоја цена. Таа козависност е многу нездрава за вас, а последователните раскинувања оставаат сериозни последици на вашите емоции. Мора да бидете во врска за да се чувствувате сакани. Тоа е знак дека мора одново да се поврзете со себеси.

Доколку се соочувате со овој проблем, прочитајте зошто осаменоста е стапица од која има излез.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар