5 тешки животни искуства кои ќе ве направат посилни

Не може да се одбегнат тешките и болни искуства во животот. Нормално е тоа што сакате да се сокриете од светот кога ќе поминете низ тежок период, но наместо тоа, таквото искуство би требало да го искористите и да научите од него. Во продолжение дознајте кои 5 тешки животни лекции ќе ве направат посилни личности…

5 тешки животни искуства кои ќе ве направат посилни

1. Другите одлучувале за вас

Во некој момент од животот сигурно ќе се најде некој пријател или член од семејството кој ќе ве натера да се посомневате во секоја одлука што ќе ја донесете. По некое време, воопшто нема да можете да одлучувате без да се консултирате со таа личност. Можеби ќе го трпите тоа подолг период, но во одреден момент веќе нема да можете да издржите. Во тој волшебен момент, вие ќе сфатите дека најважно е вашето мислење, а не туѓото. Вашиот инстинкт ќе ви помогне самите да ги носите вистинските одлуки. Ќе научите дека личноста која најдобро знае што ви треба и што сакате сте вие самите.

2. Незадоволство на работното место

Што и да е причината за незадоволството на работа, секогаш постојат две опции: Можете да дадете отказ или можете да останете и да размислите што би сакале да работите. Давањето отказ честопати има негативна конотација, но тој потег може да ви ја зголеми самодовербата. Тоа е така, бидејќи на тој начин самите на себе си велите: „Знам дека заслужувам повеќе од ова“. Доколку преземете одговорност за сопствената среќа, ќе станете посилни, а истото важи и доколку се откажете од нешто што не ве исполнува. Само погрижете се да бидете финансиски стабилни додека не најдете работа што повеќе ќе одговара на вашиот карактер и животни цели. По лошото искуство на работа ќе станете посвесни за тоа како навистина сакате да ги поминувате деновите. Колку повеќе се зголемува вашата свест, толку полесно ќе ги одбегнувате улогите што не се за вас.

3. Нездрава љубовна врска

Кога ќе излезете од лоша љубовна врска, принудени сте да размислите какви сте биле во таа врска и дали сакате да продолжите по истиот пат. Доколку сакате вашата наредна врска да биде поинаква, ќе мора да го промените начинот на однесување. Една од причините поради која постојано започнувате врска со погрешни партнери може да е ниската самодоверба. Ако немате позитивно мислење за себе, веројатноста е дека ќе привлекувате луѓе кои ве потценуваат. Тоа е така затоа што другите нѐ гледаат онака како што ние себеси се гледаме. Запрашајте се со кои ваши недостатоци и стравови мора да се соочите за да можете да ѝ дадете шанса на љубовта. Пропаднатите љубовни врски што ќе ве поттикнат на таква самоанализа и промена на однесувањето, на крајот ќе се покажат како значајни лекции кои ќе ве претворат во посилни личности.

5 тешки животни искуства кои ќе ве направат посилни

4. Доживување неуспех

Никој не сака да чуе дека она што го прави не е добро или дека погрешил, па затоа доживеал неуспех. Поголемиот дел од луѓето сакаат совршено да ја извршат нивната работа и да се покажат добро во секоја задача. Мислиме дека ако совршено ги завршуваме обврските, ќе се поштедиме себеси од тешките и болни животни искуства. Но, потрагата по совршенство нема да ве заштити од негативните чувства и лекции, доколку не си дозволувате себеси да доживеете неуспех или пак се самоказнувате кога ќе дојде до тоа. На тој начин многу работи пропуштате. Грешките и неуспесите нѐ учат како да станеме подобри во она што го правиме. Нѐ учат како да бидеме поотворени кон критиките на другите луѓе кои можат да ни помогнат полесно и побрзо да ги оствариме нашите цели.

5. Угодување на луѓето

На многумина поважно им е мислењето на другите луѓе од сопственото мислење. Најважно е да ги направат луѓето околу нив среќни. Велат „да“ кога сакаат да кажат „не“ и поголемиот дел од работите што ги прават им претставуваат обврска, бидејќи сѐ што прават е со цел да им угодат на другите. Ваквите искуства се многу значајни бидејќи го откриваат негативното влијание на она што психотерапевтите го нарекуваат „болест за угодување“. Доколку постојано ги ставате туѓите потреби пред вашите, почнете да го менувате тоа за да обрнете внимание како се чувствувате кога правите нешто против своја волја. Дали чувствувате напнатост и стрес? Тоа чувство треба да го сфатите како знак на предупредување кој се јавува секогаш кога сакате да потклекнете на вашата потреба за угодување. Кога ќе ве обземе тоа чувство, запрашајте се дали навистина сакате да го направите тоа и ако одговорот е не, најдете начин како да се извлечете од таа ситуација. Колку почесто го правите тоа, толку побрзо ќе сфатите дека вашите желби и потреби се подеднакво значајни како туѓите.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар