5 начини за справување со хронична зависност од супстанци

Кога сте зависни од алкохол, лекови или дрога, желбата за нив често може да ги надвладее вашите сетила. Во одреден момент сакате да се откажете од зависноста и да продолжите со својот живот, но тоа не е толку лесно. Токму ова е дефиницијата за хроничната зависност. Оваа состојба е позната како рецидив или повторно земање на супстанцата и претставува период кога зависникот прекинува со користење на наркотици или алкохол за потоа повторно да почне со нивна употреба.

5 начини за справување со хронична зависност од супстанци

Откажувањето од зависноста е тешко и е вистински предизвик, но не е невозможно. Со правилен третман, поддршка и насока можете да ја победите зависноста. Ако веќе еднаш сте пробале и тоа не било успешно, немојте да мислите дека не постои излез. Патот не е лесен, но можете да ја постигнете целта.

1. Разберете ја желбата за супстанцата

Кога ќе бидете свесни за вашата желба и кога ќе знаете како да се справите со неа, ќе останете на патот кон ослободување од зависноста. Во процесот на лекување многу луѓе мислат дека желбата за супстанцата е знак за рецидив. Вистината е дека рецидивот се случува само кога повторно ќе почнете со користење. Сосема нормално е одвреме-навреме да почувствувате силна желба за навраќање, но потребно е да се справите со тоа. Без разлика колку се силни симптомите, имајте на ум дека секогаш вие сте во контрола.

2. Најдете алтернативен извор на задоволство

Постојат многу причини зошто луѓето се вртат кон дрога, лекови или алкохол, а сите тие може да се заменат со други активности. Бидејќи секој сака да се чувствува добро, важно е да знаете дека постојат и други начини освен наркотици и алкохол за да уживате во животот. Дрогата и алкохолот го поттикнуваат лачењето на допамин. Но, кога премногу ја користите супстанцата, се лачи сè помалку и помалку допамин, па сè повеќе ја зголемувате дозата за да му се предадете на задоволството. Како резултат на ова желбата станува потешка за трпење. Важно е да го исполните животот со забавни активности кои ќе ви помогнат да се чувствувате задоволно и исполнето.

3. Побарајте професионална помош

Откажувањето од дрога и алкохол може да биде уште потешко ако самите се справувате со проблемот. Секогаш најдобар избор е да побарате професионална помош. Кога ќе го најдете вистинскиот професионалец, вам и на вашето семејство ќе ви биде многу полесно да го издржите целиот процес. Бидејќи откажувањето на своја рака ја зголемува шансата за рецидив, најдобро е да одберете и медицински надзор.

4. Променете го животниот стил

Ако цврсто сте се одлучиле да се откажете од зависноста потребно е да го промените целиот животен стил. Разгледајте го секој аспект на вашата дневна рутина, од начинот на кој се справувате со стресот до семејството и пријателите на кои се потпирате. Следењето здрава рутина ќе направи да се чувствувате добро. Покрај тоа физичката активност е навистина ефективна во борбата против зависноста.

5. Држете се настрана од ризични ситуации

За да ја надминете желбата важно е да се дистанцирате од луѓе и ситуации кои ја охрабруваат вашата зависност. Кажете им „НЕ“ на пријателите за пиење алкохол и излезете со ново друштво. Ако страдате од хроничен алкохолизам, избегнувајте социјални собири и посети на барови. Елиминирајте ги луѓето, местата и нештата кои се ризик за рецидив. Причината е едноставна, треба да ви биде што полесно да останете трезни.

Без сомнение борбата со која било зависност е навистина тешка. Но со вистинските чекори и правилната поддршка можете да ја победите.

Прочитајте и какво е влијанието на доргите кои предизвикуваат најголема зависност.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар