5 модни комбинации со чизми над колена

Кратки, со средна должина, долги, над колена… Има толку многу модели на чизми и секој е совршен на свој начин. Девојките обично избираат кои модели ќе ги носат во зависност од нивната телесна градба, па така владее мислењето дека кратките чизми не стојат добро на девојките со кратки нозе, а дека долгите чизми ги издолжуваат. Сепак, овие мислења често се соборуваат бидејќи сѐ зависи од моделот и начинот на комбинирање.

5 модни комбинации со чизми над колена

Ако ви се допаѓаат чизмите над колена, еве неколку предлози како да ги носите.

1. Со туника

5 модни комбинации со чизми над колена

Туниките одлично изгледаат во комбинација со чизмите над колена поради нивната совршена должина. Можете да додадете и пар хеланки или хулахопки со интересен дизајн и ќе имате подготвен финален изглед. На пример, можете да се облечете во црно, да ставите чизми над колена во друга боја и да дополните со долг капут или јакна. Ова е одлична идеја за професионален, а модерен изглед на работното место.

2. Со кожна јакна

5 модни комбинации со чизми над колена

Кожната јакна и чизмите над колена се едни од најдобрите комбинации. Во зависност од остатокот на облеката, можете да изгледате свечено и секси или модерно и опуштено.

3. Со фармерки

5 модни комбинации со чизми над колена

Чизмите над колена добро стојат и со фармерките. Нозете изгледаат визуелно подолги, а целиот изглед никогаш не излегува од мода. Додадете во оваа безвременска комбинација и некоја едноставна кошула, шешир или интересна торба и ќе бидете вистинска дама.

4. Со фустан

5 модни комбинации со чизми над колена

За едноставна дневна варијанта одлучете се за вашиот омилен пар чизми над колена во комбинација со минималистички фустан. За да го направите вашиот изглед повпечатлив додадете и поексцентричен моден додаток.

5. Со здолниште

5 модни комбинации со чизми над колена

Ако не знаете што да облечете за прошетка или кафе со пријателите, секогаш е добра идеја да комбинирате чизми над колена и мини здолниште. Додадете еднобојна ролка, јакна и очила за сонце и ќе добиете изглед кој е во тренд и што е уште поважно, изглед во кој ќе се чувствувате удобно.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар