5 модни комбинации и додатоци што никогаш не треба да ги носите на свадба

Кога сте поканети на венчавка, сигурно и вам една од потешките работи ви е да изберете што да облечете. Избирањето совршена облека може да биде истовремено и тешко и возбудливо, а постојат и неколку работи кои треба да ги земете предвид. За да ви помогнеме при вашиот нареден избор, ви прикажуваме 5 работи што треба да ги избегнувате кога одите на венчавка.

5 работи што никогаш не треба да ги носите кога одите на венчавка

1. Бел фустан

По некое правило, белата боја е резервирана за невестата. Па, наместо тоа, белиот фустан оставете го за некоја друга прослава, а доколку уживате во светли бои, изберете крем или светло розова.

5 работи што никогаш не треба да ги носите кога одите на венчавка

2. Новите шпицести чевли

Иако венчавките се шанса да се облечете убаво и свечено, сепак, запаметете дека треба да се чувствувате и удобно. Сигурно ќе играте поголемиот дел од времето, па доколку чевлите кои ги носите не ви одговараат, тогаш тоа може да ви претставува проблем. Затоа, или осигурете се дека тие ви се удобни така што претходно ќе ги носите, или пак од самиот почеток изберете поразумна комбинација.

5 работи што никогаш не треба да ги носите кога одите на венчавка

3. Премногу проѕирна облека или длабоко деколте

Дури и ако првично мислите дека нешто ви стои добро кога се гледате пред огледалото, сепак, внимавајте да не покажувате повеќе отколку што треба. Не дозволувајте да бидете предмет на озборување на присутните гости.

5 работи што никогаш не треба да ги носите кога одите на венчавка

4. Какво било парче облека кое не се совпаѓа со кодексот на облекување

Можеби во вашиот плакар имате фустан кој едвај чекате да го носите на некоја свеченост, но, најпрво осигурете се дека тој одговара на кодексот на облекување. Доколку пак не сте сигурни која ви е најдобрата опција, долгиот фустан е секогаш одлична идеја.

5 работи што никогаш не треба да ги носите кога одите на венчавка

5. Накит кој произведува звук

Држете се настрана од алките кои постојано ќе произведуваат звук секогаш кога ќе се помрднете. Наместо тоа, изберете обетки кои совршено ќе ви прилегаат на вашата модна комбинација.

5 работи што никогаш не треба да ги носите кога одите на венчавка

Ако сѐ уште се двоумите при вашиот избор, панталоните се уште една одлична идеја за вас!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар