Истражување: Откриено е зошто мачките толку многу сакаат кутии

Сите знаеме дека мачките не можат да им одолеат на преградите со која било големина, без разлика дали е тоа корпа за алишта за перење, фиока или картонска кутија. И покрај тоа што е малку фрустрирачки кога на вашата мачка ќе ѝ купите нов кревет, а таа спие во кутијата од тој кревет, сепак постои објаснување за оваа нивна опсесија.

Истражување: Мачките толку многу сакаат кутии затоа што тие го намалуваат стресот

Според истражувањата, мачките се чувствуваат толку многу задоволно во кутиите бидејќи тие им го намалуваат стресот. Во 2014 година, истражувачите од Универзитетот во Утрехт решиле да ја тестираат оваа теорија и направиле едно истражување.

Истражување: Мачките толку многу сакаат кутии затоа што тие го намалуваат стресот

Нема да ве изненади тоа што го откриле истражувачите. Лежењето во кутии навистина го намалува нивото на стрес кај мачките. Истражувањето било спроведено во едно холандско засолниште и биле вклучени 19 мачки, од кои 10 имале кутија.

Истражување: Мачките толку многу сакаат кутии затоа што тие го намалуваат стресот

Само по неколку дена, истражувачите забележале дека мачките што имаат кутии имаат пониско ниво на стрес за разлика од мачките што немале свои кутии.

Истражување: Мачките толку многу сакаат кутии затоа што тие го намалуваат стресот

Научниците заклучиле дека кутијата е многу важен предмет за мачката затоа што таа ѝ служи за справување со стресот што го има во првите недели по пристигнувањето во ново засолниште. Но, тие изјавиле дека е потребно понатамошно испитување за да се утврди каков ефект има кутијата врз домашните мачки, какви се нејзините долгорочни ефекти и дали постои корелација со појавата на заразни болести.

Истражување: Мачките толку многу сакаат кутии затоа што тие го намалуваат стресот

Можеби ве интересира и кои 10 грешки треба да престанат да ги прават сопствениците на мачки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар