5 митови за машката нега во кои би требало да престанете да верувате

Во текот на животот сите слушаме различни работи и веруваме во одредени митови за кои никогаш не сме се запрашале колку навистина се тие вистинити. Иако во некои од нив може да има нешто вистина, сепак, делумно станува збор за заблуди. Што се однесува до митовите за машката нега, во продолжение погледнете ги петте најголеми изјави кои секојдневно се повторуваат, а не се вистина.

5 митови за машката нега во кои би требало да престанете да верувате

1. Доколку имате акни треба често да го миете лицето

Ова е сосема погрешно. Всушност, ако имате акни, треба да го миете лицето два пати на ден – кога ќе станете и пред да отидете на спиење. Премногу честото миење на лицето нема да ви ги излечи акните, туку напротив, може да го влоши вашиот проблем. Со постојаното отстранување на природните масла од вашата кожа, таа ќе почне да произведува повеќе маснотии, а тоа значи и повеќе акни. Но, постојат и некои исклучоци од ова правило. На пример, ако планирате да одите во теретана, треба да го исчистите лицето пред и после вежбањето со благо средство за чистење. Или пак, понесете со себе влажни марамчиња наменети за лице.

2. Ако имате масна кожа не треба да користите хидратантна крема

Ова не е вистина. На секој тип кожа му е потребен хидратантна крема. Влагата и маснотиите не се иста работа, па доколку вашата кожа не е доволно хидрирана, таа ќе произведува повеќе маснотии. Постои тенка линија помеѓу хидрираната и масната кожа. Како и да е, оние кои имаат масна треба да користат специјална крем за нивниот тип.

3. Секогаш треба да се бричите спротивно од растењето на влакната

Секако дека не. Бричете се во правецот во кој ви растат влакната, затоа што во спротивно може да се соочите со иритирана кожа, исеченици, па дури и поткожни влакна. Иако бричењето во спротивна насока на влакната ќе ви даде подобар резултат, сепак, не вреди да ризикувате. Што би сакале повеќе – да бидете поубаво избричени или да се соочите со црвена и воспалена кожа? Ако знаете како да се бричите правилно, лесно е да добиете добар резултат и без да ја иритирате вашата кожа. Најважно е да погледнете кои влакна во која насока растат, затоа што на различни делови, тие може да имаат поинаква насока. Исто така имајте предвид дека пред бричењето треба да се подготвите. Измијте го лицето со топла вода и нанесете средство за пред бричење за да ја омекнете кожата. Потоа, ставете од пената или кремата за бричење и користете кратки потези.

5 митови за машката нега во кои би требало да престанете да верувате

4. Ако секојдневно носите капа ќе се соочите со опаѓање на косата

Оваа информација е сосема погрешна, зашто капите сами по себе не предизвикуваат опаѓање на косата. Сепак, секојдневното носење капи може да го забрза процесот на губење на косата под одредени услови. Тоа е затоа што бактериите од валканите капи може да предизвикаат инфекции на скалпот, особено ако една иста капа секојдневно ја носите во теретана. Па, доколку ви се допаѓа носењето капа, не носете ја истата секој ден и трудете се да ја чистите што е можно почесто. Најлесно може да го направите ова со помош на некој спреј или пак во машина за перење.

5. Стресот доведува до тоа да имате седа коса

Ова тврдење е и вистинито и лажно. Сите сме слушале за некои луѓе со престижни работни позиции кои имаат секојдневни стресови и кои прерано се соочуваат со седата коса. Но, тоа не е предизвикано само од стресот, туку тука имаат влијание и различни фактори. Слично како и кожата, така и косата се менува со текот на годините. Стареењето, што е неизбежен процес, може да направи вашата коса да побелее. Етничката припадност е уште еден голем фактор. Точно е дека стресот го забрзува процесот на губење на пигментот, но тој самиот по себе не е виновникот.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар