5 козметички препарати кои дерматолозите никогаш не би ги ставиле на своето лице

Никој не знае за кожата повеќе од нив, од она што е најдобро, но и најлошо за неа. Еве кои козметички препарати се наоѓаат на црната листа на дерматолозите, бидејќи нивните состојки предизвикуваат поголема штета отколку корист.

1-5-kozmetichki-preparati-koi-dermatolozite-nikogash-ne-bi-gi-stavile-na-svoeto-lice-www.kafepauza.mk_

1. Производи со вештачки мирис

На составот на козметичкиот производ е означено само како мирис (fragrance), но вештачките мириси може да предизвикаат иритации на кожата и да имаат несакани ефекти заради адитивите кои ги содржат. Заради ова, дерматолозите избегнуваат козметика со вештачки мириси и наместо тоа ги избираат оние со етерични масла и билни екстракти, бидејќи не само што се посигурни, туку имаат и подобри ефекти врз кожата.

2. Производи со алкохол

Имаме вест за вас: Алкохолот е состојка во поголемиот дел од козметичките производи – како оние за нега на коса, на парфемите, но и на оние за нега на кожа. Всушност, токму тие може да бидат причина зошто вашата кожа е сува, се лупи или изгледа сивкасто. Затоа морате да внимавате како ќе ја поправите штетата на кожата, па би било добро да користите серуми и хидратантни креми со состојки кои ќе го поништат делувањето на алкохолот од препаратите. Побарајте козметика која содржи антиоксиданси, пептиди, хијалуронска киселина…

3. Козметички препарати со лимоново масло

Не сите природни состојки се добри за секоја кожа. Дерматолозите не сакаат да користат козметички препарати со лимоново масло, бидејќи може да биде иритирачко за кожата, а кога ќе се изложи на сонце, може да предизвика силни реакции, како и хиперпигментација.

2-5-kozmetichki-preparati-koi-dermatolozite-nikogash-ne-bi-gi-stavile-na-svoeto-lice-www.kafepauza.mk_

4. „Направи сама“ серуми со витамин Ц

Многу блогерки се фалеа со домашниот серум со витамин Ц кои го правеле од здробена таблета од овој моќен витамин, но најголемиот проблем е тоа што ваквиот облик на витамин Ц тешко навлегува во кожата. Витаминот Ц е докажано сјаен за кожата, бидејќи го поттикнува произведувањето на колаген, но само ако е во формула која ќе го доведе до клетките на кожата. Ако нанесете таблета витамин Ц на кожата, таа нема да продре во длабоките слоеви, туку ќе остане на површината на кожата и ќе ја иритира, бидејќи витаминот Ц брзо оксидира и наместо да помогне, ѝ прави штета на кожата.

5. Средства за самопотемнување

Тие создаваат хемиска реакција во кожата за која сѐ уште не се знае какви долгорочни последици има. Затоа најдобро би било да ја прегрнете природната боја на вашиот тен и евентуално, за некои поважни настани, да нанесете некоја пудра или бронзер на критичните места.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар