Чудо помеѓу овошките: Го спречуваат карциномот, го забавуваат стареењето и не дебелеат!

Чудо помеѓу овошките: Го спречуваат карциномот, го забавуваат стареењето и не дебелеат!

Освен тоа што го зајакнуваат организмот, ги чуваат очите и допринесуваат за здравјето на коските, докажано е дека кајсиите го намалуваат ризикот од создавање карцином и го продолжуваат животниот век. Свежата кајсија обилува со витамин А, Ц и Б и разни минерали.

1-chudo-pomegju-ovoshkite-go-sprechuvaat-karcinomot-go-zabavuvaat-stareenjeto-i-ne-debeleat-www.kafepauza.mk_

Грицкајќи ореви и суви кајсии, повеќето од жителите на долината Хунза доживуваат длабока старост. Сепак, влијанието на модерната исхрана дошло и до овие планински краеви, па помладите жители на ова племе се склони кон седење и неактивност.

Она што е посебно интригантно во врска со ова овошје е податокот дека во него се наоѓа соединение кое се добива од семката на кајсијата – амигдалин од кое со едноставна екстракција се добива и Леатрил или Б17. Во 1971 година, Б17 е забрането во САД, а токму тоа некои го нарекуваат вистински лек против ракот. До забрана дошло, бидејќи наводно содржело опасна доза цијанид. Некои експерти ги отфрлаат овие тврдења и велат дека на фармацевтската индустрија ѝ е важно да ги исклучи од пазарот сите вистински, природни, ефикасни и евтини лекови.

Кајсиите содржат 10 пати повеќе магнезиум од останатото овошје, односно влијаат на подобрувањето на функциите на мозокот заради високото ниво на магнезиум и фосфор. Овие елементи може да помогнат во нормализација на крвниот притисок.

2-chudo-pomegju-ovoshkite-go-sprechuvaat-karcinomot-go-zabavuvaat-stareenjeto-i-ne-debeleat-www.kafepauza.mk_

Тие се одличен извор на полифеноли, силни антиоксиданси кои го неутрализираат штетното дејство на слободните радикали и ги спречуваат кардиоваскуларните заболувања. Свежата кајсија обилува со каротеноиди и ксантофили, натриени кои го штитат видот, ја спречуваат мускулната дегенерација и слабеењето на очниот мускул во староста.

Исто така, лутеинот кој е присутен во ова овошје, ја штити мрежницата. Тоа е одличен извор на катехини, еден вид флавоноиди кои влегуваат и во составот на зелениот чај, а поседуваат противоспалителни својства. Кајсиите содржат и висок процент хранливи влакна кои доста благотворно делуваат на органите за варење и ја спречуваат опстипацијата.

Кајсиите не дебелат, па тие особено им се препорачуваат на личностите кои сакаат да ослабат, а помагаат и во лечењето разни инфекции, ги спречуваат срцевите заболувања, ги обновуваат оштетените ткива, го намалуваат нивото на лош холестерол и го поттикнуваат развојот на забите и коските.

4-chudo-pomegju-ovoshkite-go-sprechuvaat-karcinomot-go-zabavuvaat-stareenjeto-i-ne-debeleat-www.kafepauza.mk_

За одржување на здравјето на коските потребни се бројни минерали, како што се калциумот, фосфорот, манганот, бакарот и железото, а токму кајсијата ги содржи во огромна количина. Затоа жените кои влегле во менопауза би требало што е можно почесто да ги консумираат, бидејќи содржат многу калциум, за да ја спречат остеопорозата.

Свежо цедениот сок од кајсии им се препорачува на личностите кои патат од анемија, а кајсијата се користи и како лек за грозница и кожни заболувања, бидејќи ја ублажува иритацијата и ги елиминира симптомите на воспалителни процеси. Здравствените предности на ова овошје ги вклучуваат и неговите предности да го регулира варењето, запекот, болките во увото, грипот, кожните заболувања, анемија, па дури и канцерот.

Кајсијата најмногу се користи за производство на сок, џем и компот, но може да се консумира и сушена.

3-chudo-pomegju-ovoshkite-go-sprechuvaat-karcinomot-go-zabavuvaat-stareenjeto-i-ne-debeleat-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар