13 суеверија поврзани со броевите

13 суеверија поврзани со броевите

Без разлика дали се инспирирани од библиски приказни, или пак древни легенди, овие „среќни“ или „несреќни“ броеви имаат вистинско значење за многу луѓе. Без знаење за нивното потекло, луѓето многу често ги менуваат плановите за патување, одложуваат купување на нешто или ја трошат заштедата на лотарија поради овие суеверија.

(1)13-sueverija-povrzani-so-broevite-kafepauza.mk

Дали некогаш сте се запрашале како овие броеви ја добиле својата репутација? Продолжете со читање за да научите нешто повеќе за некои од најпознатите суеверија поврзани со броевите.

1. Бројот 13

Ова суеверие е толку познато, што дури си има и свое име, кое е многу тешко за изговарање: Трискаидекафобија. Луѓето се толку исплашени од овој број што економијата во САД понекогаш губи околу милијарди долари на секој петок 13-ти. Исто така, многу згради немаат 13-ти кат, архитектите „скокаат“ од 12-ти на 14-ти кат одобрувајќи го суеверието на многу луѓе. Па, како овој број ја добил својата морничава репутација? Почетоците можеби се во еден нордиски мит.

Кога на една забава, која била одржана од 12 богови, се појавил 13-ти гостин, еден од боговите умрел. Неговата смрт била проследена со ужасно уништување. Суеверието исто така може да биде поврзано и со Јуда, 13-тиот апостол на последната вечера. А секој од нас знае како завршила таа вечера.

2. Парни и непарни броеви

Кога станува збор за броевите, некои суеверни луѓе веруваат дека парните броеви се несреќни, додека непарните носат малку среќа. Поради ова, непарните броеви се чест избор на луѓето кои се обложуваат. Иако не е баш јасно од каде доаѓа ова верување, можно е причината за несреќата која ја носат парните броеви да биде тоа што тие се деливи, а тоа ја намалува нивната моќ. Непарните броеви не можат да се поделат на овој начин, па тие се посилни и помоќни од парните. Ова верување се применува и на парите: Некои луѓе веруваат дека е добро да скинат еден крај од банкнотата за да има непарен број рабови.

3. Среќна 12-ка

Како што 13 е еден од најнесреќните броеви, 12 се смета за најсреќен број, иако е парен. Потеклото на ова суеверие не е многу познато, но некои извори укажуваат дека неговата репутација произлегува од тоа што бројот 12 многу лесно се дели. Иако е мал број, тој може да се подели на половина, четвртина или третина. Некои веруваат дека 12 е среќен поради тоа што е многу близок до лошиот 13.

4. Трета среќа

Бројот 3 се смета за среќен поради неколку причини. Прво, овде спаѓа фактот дека маж и жена, кои се двајца, може да станат тројца доколку имаат дете. Овој број исто така е поврзуван со светото тројство, кое се спомнува во голем број религии. Во Христијанството се среќаваат Отецот, Синот и Светиот дух. Хиндуизмот исто така има свое свето тројство. Исламот има три главни свети места, а некои пагански традиции го слават тројството на земјата, морето и воздухот кои ја сочинуваат Земјата. Оваа магија поврзана со бројот 3 предизвикала изреки како што е „Трета шанса“ или „Трета среќа“, каде што и двете сугерираат дека два неуспеси ги следи успех.

5. Или пак не?

Се разбира, бројот 3 и не е толку совршен. Некои луѓе го поврзуваат овој број со негативни настани, како што е суеверието дека лошите работи се случуваат во тројка. На пример, многу луѓе веруваат дека работите се расипуваат во група од 3. Па, ако скршите нешто дома, добро е да скршите уште 2 работи за да го избегнете суеверието. Ова верување е толку проширено што некои сметаат дека славните секогаш умираат по тројца, или пак ако запалите 3 цигари со една запалка некој сигурно ќе умре. Едно објаснување за овој феномен е дека луѓето го создале ова правило на тројка како начин да стават крај на некои лоши искуства.

6. Бројот 9

Бројот 9 се смета за среќен бидејќи е магичниот 3 помножен со 3. И поради тоа што најчесто е поврзуван со среќа, Јапонците не го сакаат овој број. Причината е тоа што нивниот збор за 9 звучи многу слично како нивниот збор за мачење или страдање.

7. Суеверија за броење

Заборавете ги одделните броеви, самиот чин на броење предизвикува серија од негативни и позитивни суеверија. Некои луѓе сметаат дека ако ги изброите брадавиците на вашето тело и ако му го кажете бројот на некој странец, тие ќе исчезнат. Се разбира, никогаш не треба да броите пари, ниту пак да ги броите вашите деца или работите што ги поседувате, бидејќи ова може да направи да исчезнат. Истото важи за животните што ги чувате и за победите во коцкање. Некои суеверија тврдат дека мерењето на децата кога се раѓаат исто така носи лоша среќа, како и броењето на камењата на древни споменици.

8. Возраста за среќа

Некои броеви се поврзуваат со суеверија само кога се гледаат како возраст. На пример, бројот 21 е „магичен“ бидејќи е производ од среќните броеви 3 и 7. Исто така, овој број се гледа како почеток на нова животна фаза – време кога младите ја добиваат целата среќа што им е потребна. По истата логика, бројот 63 се смета за несреќен. Ако ја преживеете 63-тата година од животот, очекувајте долг и среќен живот. Несреќните години се толку присутни во јапонската култура, што тие имаат и сопствено име: Јакудоши. За жените несреќни години се 19, 33 и 37, додека за мажите се 25, 42 и 60.

9. Пазете се од 17

Во Италија бројот 17 е несреќен колку и 13, и тоа со добра причина. Италијанците го пишуваат 17 како XVII, а ова може да се пререди како VIXI, кое грубо преведено значи „Сега сум мртов“ или „Мојот живот заврши“. Непријатна мисла, нели? Поради оваа негативна конотација, Италијанците го прескокнуваат бројот 17. Во Италија всушност, бројот 13 се смета за среќен.

10. Среќниот број 4

Додека многу парни броеви се несреќни, ова не важи за 4. Причината е тоа што многу работи во природата се случуваат во група од 4, како на пример годишните времиња и елементите од кои е создадена Земјата. Оваа среќа важи само во западните култури. Во Кина, Виетнам, Кореја и Јапонија, бројот 4 се смета за несреќен, особено поради тоа што е многу сличен со зборот смрт кај овие јазици. Низ поголемиот дел од Азија, многу луѓе одбиваат да го користат бројот 4 во цени, броеви на куќите, телефонски броеви или катови на згради.

11. Среќниот број 7!

Среќниот број 7. Дел од легенди за коцкари и фанови на лотарија, универзалниот симбол на машините за коцкање и на големиот џекпот во Лас Вегас. Од каде оваа моќ? Можеби е поради фактот што 7 се истакнува помеѓу едноцифрените броеви и не е делив со ништо, дури ни со 5. Ова суеверие може да биде поврзано и со улогата на бројот низ историјата, културата и легендите. На Бог му биле потребни 7 дена за да го создаде светот, древниот свет имал 7 планети, постојат 7 светски чуда и 7 дена во неделата. Сакате малку вистинска среќа? Побарајте го седмиот син на седмиот син, тој би требало да има магични моќи кои вклучуваат исцелување и бескрајна среќа.

12. Внимавајте на ѓаволот

Како и бројот 13, и бројот 666 има негов научен поим (уште потежок за читање): Хексакосиоихексеконтахексафобија. Благодарение на Откровението, овој број се смета за број на ѕверот, или број на ѓаволот. Многу луѓе не се сигурни ако го видат овој број на нивниот лет, на некоја хотелска соба или пак на некоја улица. И покрај репутацијата на западот, Кинезите сметаат дека 666 е навистина среќен број. На Кинески, бројот 666 звучи многу слично како зборот за мазно и лесно.

13. Среќниот број 8

Суеверијата кои го опкружуваат бројот 8 се поврзани со воскреснувањето и обновувањето. Во Христијанството, Бог го создал светот за 6 дена, се одморал на 7-от, оставајќи го 8-от ден отворен за обновување и за подобар свет. Кинезите го слават овој број бидејќи е многу сличен со нивниот збор за богатство. Тие дури плаќаат повеќе за регистрацијата на автомобилот за да го имаат овој број на неа. Некои Кинези дури ги менуваат адресите и телефонските броеви за да го вклучат бројот 8 во нив.

Прочитајте и нешто повеќе за нумерологијата и што таа кажува за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар