5 чекори до поздрав социјален живот

3 февруари, 2011 0 коментари од

Дали сте знаеле дека социјалниот живот кој го водите може да влијае врз вашето здравје? Според мислењето на експертите, одржувањето цврсти и здрави пријателства може да ви го продолжи вашиот живот. Не е спорно тоа дека секој сака да има пријатели, со кои ќе ги споделува сите среќни и несреќни моменти, но во денешниов динамичен, стресен начин на живот, изгледа како секој да има сè помалку време да одвојува за пријателите. Луѓето кои ги сакате не треба да бидат на последно место во вашиот планер. Заедно со членовите на семејството и љубовниот партнер, пријателите се креатори на вашиот здрав, среќен и исполнет живот.5 чекори до поздрав социјален животСпоред  истражувањето на проф. д-р Елизабет Ломабрдо, која е автор на книгата „A Happy You: Your Ultimate Prescription for Happiness“ (Вие среќни: Вашиот најдобар рецепт за среќа), имањето добри пријатели, може да ви помогне да се борите против болести и депресија и да ве охрабри да оформите здрави навики. Следуваат неколку нејзини совети за тоа како да формирате и да ги одржувате вашите пријателства за цел живот.
.

1. Бидете отворени за нови пријателства

Кога сме помлади, дружењето и воопшто пронаоѓањето другарчиња преставува најлесната работа на светот, но со текот на животот, како што растеме, шансите за запознавање нови луѓе сè повеќе се стеснуваат. Ломбардо предлага да ги зголемувате шансите за започнување нови пријателства преку зачленување во различни организации и интересни курсеви за кои имате страст и амбиција или волонтирање за некоја кауза во чија цел верувате.5 чекори до поздрав социјален живот

2. Дадете им приоритет на вашите пријателства

Имате еден тон обврски во текот на денот: одите на работа, факултет (или и двете), каде имате милион задачи кои ви ги дал шефот или професорите и кога ќе се вратите дома имате време само да јадете, да зачистите што сте растуриле, да се видите со вашиот партнер (ако го имате) и да си легнете да поспиете зашто утре ве чека истото. Но, Ломбардо истакнува дека е исклучително важно пријателите да ви бидат приоритет во животот. „Имањето добри другари има безброј предности. Тие ви помагаат да го „притиснете“ копчето за рестартирање кога се чувствувате под стрес. Една фина вечера со пријателите може да ви помогне да се чувствувате порелаксирано и да ви даде доволно енергија за да се справите со преостанатите обврски кои ве чекаат.“ – вели таа.5 чекори до поздрав социјален живот

3. Бидете добар другар

Тоа е исто толку едноставно колку и следењето на златното правило: „Третирајте ги другите онака како што сакате тие да ве третираат вас“. Ако сакате да изградите цврсти пријателства, прво што треба да научите, е како да бидете добар пријател. „Цврстото другарство, подразбира земање, но и давање.“ – објаснува Ломбардо. Без разлика дали тоа значи дека треба да вратите на имејл пораката, телефонскиот повик или да му се заблагодарите на вашиот пријател за роденденскиот подарок кој сте го добиле од него, секогаш имајте на ум дека пријателствата претставуваат двонасочна улица.
.

4. Бидете самоуверени

Многу е важно да одржувате отворена комуникација со вашата група пријатели и гласно да ги кажувате вашите потреби. Ломбардо објаснува дека не треба да очекувате пријателите да ви ги „прочитаат“ мислите и да сочувствуваат со вас. Таа исто така вели дека не треба да се чувствувате виновни бидејќи понекогаш поминувате повеќе време со пријателите, отколку со вашиот партнер или со вашето семејство. Тоа е време кое го двоите за самите себе и кое сте го заслужиле.5 чекори до поздрав социјален живот

5. Преиспитајте си ги чувствата во врска со вашето друштво

Дали вашите пријатели прават да се чувствувате неисполнето, исфрустрирано и како да не се вклопувате во „нивниот свет“? „Целта на друштво сочинето од луѓе кои ве сакаат и поддржуваат, е да ви го зголеми чувството на среќа и да ви го минимизира нивото на стрес, а не да ви создава нервоза или да ве пренатрупува со задолженија или обврски.“ – објаснува Ломбардо. Ослободете се од негативната енергија и опкружете се со позитивни, грижливи пријатели, кои ќе го извлечат најдоброто од вас.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Liked this article? Read another similar article.

Поврзани содржини:

Живот, Совети

Тагови: , , , , ,

За авторот

Новинарка по професија и исклучително љубопитна девојка со истражувачки дух, вечно во потрага по доза креативност. Кафе пауза ми ја оживува страста и ми дава можност секој ден да учам нешто ново. Животно мото ми е дека без кафе и по некоја испеана песна, не смее да ми помине ниту еден ден. Обожавам тимска работа, музика, филм и уметност во сите облици. Верувам дека добриот совет и астрологијата ми помагаат да се разберам себеси и светот околу мене. Неостварен сон - да го прошетам светот.
0 коментари за “5 чекори до поздрав социјален живот”

Остави коментар

Можеби ќе ве интересира:
Во светот на Јадро фигурите
Во светот на Јадро фигурите

Топ 5 содржини за изминатата недела (26.9.-2.10)
Топ 5 содржини за изминатата недела (26.9.-2.10)

Љубовен астролошки профил за женски риби
Љубовен астролошки профил за женски риби

Close