4 работи кои треба да ги знаете за чорбите и супите

Супите и чорбите се важен дел од секој оброк. Слично како и салатата, една чинија супа дневно може да има позитивно влијание на вашето здравје, затоа што преку зеленчукот внесувате многу хранливи материи. Доколку ги избегнувате супите и чорбите, еве неколку причини кои без сомнение ќе го променат вашето мислење и ќе ве убедат тие да станат дел од вашето секојдневие.

4 работи кои треба да ги знаете за чорбите и супите

1. Супата може да ви помогне да ослабите

Супата содржи влакна кои ќе го заситат вашиот организам и ќе ги спречат налетите на глад. Всушност, овие влакна се нискокалорични хранливи материи кои ќе ви помогнат да изгубите до 50 проценти од маснотиите.

2. Прв чекор кон совршено тело

Според истражувањата на Универзитетот во Пенсилванија, консумирањето нискокалорични супи пред главното јадење ќе придонесе да внесувате 20 проценти помалку калории во организмот. Тоа се случува затоа што супата прави да чувствувате ситост, па со самото тоа ќе внесувате и помалку храна.

3. Може да спречи настинка

Штом почувствувате дека се разболувате, веднаш подгответе си една чинија супа. Едно истражување спроведено од Медицинскиот центар во Небраска открива дека пилешката супа ги потиснува процесите на воспаленија кои предизвикуваат настинка. Топлата течност ги олеснува симптомите кои ги чувствувате поради затнатите синуси и болката во градите.

4. Го ублажува стресот

Според истражувањата, консумирањето една порција супа од зеленчук дневно, во текот на две недели, ќе го редуцира нивото на мочна киселина која предизвикува стрес за 18 проценти. Секако, наоѓањето на внатрешниот мир е доволна мотивација да јадете супа или чорба, но намалувањето на нивото на стрес кое ќе ви помогне да ослабете до 5 килограми во текот на 6 месеци е само уште една причина плус да почнете да јадете супа или чорба.


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар