3 вистини за мајките кои поминале низ царски рез што сите треба да ги знаат

Да се биде мајка воопшто не е лесна задача. Мајчинството носи многу одговорности, трудови, како и големи награди. Токму затоа и решивме да ги охрабриме сите оние жени што поминале низ царскиот рез и да им покажеме дека треба гордо да го носат своето „обележје на среќа“.

(1) 3 вистини за мајките кои поминале низ царски рез што сите треба да ги знаат

Царскиот рез вклучува големо количество храброст и сила, и само жена и мајка може да се соочи и справи со него. Погледнете ги следниве 3 вистини што можат да ги разберат само жените кои поминале низ овој процес.

1. Тие храбро се соочуваат со последиците од интервенцијата

Вие можеби сметате дека царскиот рез е сосема обична процедура, но во рамките на медицината се смета за огромна операција. И како и сите други големи операции, така и царскиот рез носи ризици, истовремено и за мајката и детето. Како додаток, многу е тешко идниот татко или другите членови на семејството да бидат присутни во операциската сала за време на породувањето. Жените можат да останат сосема сами, без можноста да добијат поддршка и исполнети со чувство на несигурност. Не постои подобар пример за битка од оној каде што стравот и осаменоста се борат внатрешно против силата, волјата и безусловната љубов што овие жени ги искусуваат со цел да го добијат своето прекрасно бебе.

2. Тие не знаат дали е сè во ред сè додека не излезат од операциската сала

Во овие случаи, ризикот не завршува со раѓањето на бебето. Како и во секоја друга операција, докторите не можат да детерминираат дали таа била успешна сè додека анестезијата не се повлече. Од друга страна пак, постојат детали што многу малку луѓе ги знаат. За време на царскиот рез мајката е свесна – таа не чувствува болка, но го чувствува движењето што се случува во неа. Тоа е непријатно чувство, за кое доколку претходно не сте биле свесни, може да биде многу трауматско. Дури и тогаш, тие го надминуваат овој процес со гордост, бидејќи знаат дека наградата е неверојатна.

3. Тие поминуваат низ процесот на заздравување како вистински хероини

Кога детето ќе се роди, светот на мајката почнува да се врти околу него и таа почнува да ги исполнува неговите желби без прашања. Ова бара предиспозиции што најчесто се многу исцрпувачки. Замислете како е да се поминат првите неколку месеци со бебето во константна болка. Да, многу од болката и непријатноста е неизбежен дел од процесот на заздравување што следи по операцијата. Ова ги прави уште посилни, надминувајќи ја границата на болката и потпирајќи се на својата внатрешна сила која може да биде споредена само со силата на друга мајка. Без разлика колку е тешко, тие тоа го прават со насмевка на лицето и со сета љубов на светот. Бидејќи секој буден момент, секоја пелена што ќе ја сменат, секоја насмевка и можност да го држат тоа мало раче, да го почувствуваат неговиот здив и да ја помирисаат миризбата на новороденче едноставно ја оправдува целата мака.

(2) 3 вистини за мајките кои поминале низ царски рез што сите треба да ги знаат

Им аплаудираме на сите овие мајки што имаат белег кој им дозволува никогаш да не заборават на својата сила. Па, драги мајки, носете го своето прекрасно обележје со гордост! Не го кријте, не го маскирајте, бидејќи не секоја жена ја има таа привилегија.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Марина Филиповска Митевска Reply

    Почитувани,
    Пишувам поттикната од духот и вештината на авторот на текстов.
    Би сакала да ја поздравам и да ја охрабрам и понатаму да пишува.

    Секое добро,
    Марина

    • Моника Трајковска Reply

      Здраво Марина,

      Ви благодарам за убавите зборови, ми го исполнија срцево со среќа.

      Со почит,
      Моника

Остави коментар