3 одлични блогови што ќе ви го олеснат секојдневието и ќе ви го подобрат животот

Благодарение на интернетот и големиот број блогови, денес можеме да пронајдеме инспирација, утеха и решение за скоро сите проблеми. Со таа цел и денес ви ги претставуваме следниве 3 одлични блогови што ќе ви помогнат да го средите вашиот животен простор, да го подобрите начинот на кој го живеете својот живот, да пронајдете мотивација и секако, да го обиколите целиот свет!

3-odlichni-blogovi-shto-kje-vi-go-olesnat-sekojdnevieto-i-kje-vi-go-podobrat-zhivotot

Apartment therapy

Рајан им помага на луѓето да ги направат своите домови поубави, подобро организирани и поздрави. Научете како да направите интересни детали за домот или да го реновирате својот работен простор со минимален буџет. Дознајте и како подобро да се грижите за вашите растенија. Можете да пронајдете сè што ве интересира за средување на животниот простор на овој одличен блог.

Tiny Buddha

Како да го промените животот во деновите кога мислите дека едноставно ништо не ви оди од рака? Овој блог има моќни мотивациски текстови кои ќе ви внесат позитивна енергија во животот и ќе ви помогнат да се смените на подобро! Како бонус, можете да уживате и во многубројните цитати за искуствата и желбите.

Crashing Red

Не постои девојка што нема да го засака овој фантастичен блог! Започнувајќи од црвениот кармин и високите потпетици, па сè до патување ширум целиот свет, вие можете да пронајдете одлични совети за тоа како да ги користите социјалните мрежи во бизнисот, како и во приватниот живот.

A post shared by Maria Vlezko (@crashingred) on

Прочитајте и како да направите сопствен блог во 7 едноставни чекори.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар