3 начини на кои самите си ја саботирате вашата диета

Понекогаш ние луѓето навистина знаеме да ги направиме нештата комплицирани. Дали сте забележале дека во последно време, дури и покрај силниот труд, вие едноставно паѓате под влијание на вашите несигурности и не успевате да ја издржите диетата до крај? Не грижете се, не сте единствени. Токму затоа треба да знаете дека понекогаш тоа се случува поради несвесни грешки, со чие разоткривање ќе можете да постигнете многу повеќе за себе и своето тело. Еве за што станува збор.

3 начини на кои самите си ја саботирате вашата диета

1. Го игнорирате физичкиот глад

Го знаете она чувство кога сте успеале да јадете малку или пак, целосно да ги избегнете оброците? Најчесто чувствувате како да сте под контрола, можеби дури и како да сте победиле во битката со тежината. Но, со изгладувањето на вашето тело вие правите многу голема штета. Доколку сакате навистина да ослабите, мора да ги слушате знаците кое вашето тело ви ги испраќа. Па, доколку тоа е навистина гладно – јадете. Доколку само ви е здодевно, или пак сте нервозни, не посегнувајте по храната, туку обидете се најдете друг начин на кој би можеле да ја искористите оваа негативна енергија во себе.

2. Ја правите храната недостапна за вас

Секоја диета има некаков вид ограничување. Најчесто, тоа вклучува откажување од одредена храна која ја сакате. Но, на овој начин вие само го зголемувате вашето тежнеење за забранетата храна што во еден момент ќе експлодира и ќе ве натера да се прејадете со цел да надополните за пропуштеното. Токму затоа и не треба да се обидувате да направите вашата омилена храна да исчезне целосно од вашиот живот. Трикот е во контрола на количините кои ги внесувате, како и соодветното комбинирање со храната која му е вистински потребна на вашиот организам.

3. Се казнувате себеси

Во моментите кога ќе ја прекршите вашата диета и ќе изедете нешто што „не сте смееле“, постои добра шанса дека ќе започнете со внатрешен дијалог со кој ќе се карате себеси. Најверојатно тоа ќе го направите на многу лош и понижувачки начин. Токму овој глас на критиката која живее во вашата глава може да ве одведе во спротивната насока. Вие мора да научите како да бидете добри со себе и да се поддржувате во вашите цели, наместо да ја користите секоја шанса која можете за да се казнувате за грешките. Обидете се да најдете сочувство и следен пат кога ќе ја прекршите диетата, утешете се дека нареден пат ќе бидете посилни. Додека го правите тоа, потсетете се и точно зошто ја држите оваа диета, бидејќи во тие моменти причините можат да ви изгледаат малку замаглено.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар