3 едноставни животни вистини: Ако не прашате, одговорот е НЕ

Понекогаш животот не е толку комплициран колку што мислиме. Решението на проблемите е многу едноставно и најчесто ни се наоѓа пред очи, но не го гледаме. Прочитајте ги следниве 3 едноставни животни животни вистини што ќе ви ги отворат очите…

3 едноставни животни вистини: Ако не прашате, одговорот е НЕ

1. Ако не ги следите вашите соништа, нема да ги остварите

Вие одбирате дали вашите соништа ќе станат реалност. Тоа го правите преку делата на коишто се фокусирате, преку вашата упорност и способност да ја согледате поголемата слика. Кога нема да кажете нешто во разговорите, кога ќе пропуштите некој настан и кога го одбивате поврзувањето во секоја можна смисла, тогаш не добивате ништо и единствените виновници за тоа сте вие самите. Следете го она што прави да се чувствувате добро, одржувајте ја контролата врз сопствениот живот. Немојте да се каете што не сте направиле нешто, само затоа што сте се исплашиле.

Кажете го тоа што го чувствувате, бидете храбри и секогаш кажувајте го вашето мислење. Разликата помеѓу желбата да се биде некаде и да се стигне дотаму и движењето нанапред. Познатите личности и успешните луѓе успеале да стигнат таму преку напорна и непрестајна работа. Тие пишуваат песни и снимаат филмови за тоа како успеале да ги остварат своите соништа. Можеби ви звучи како клише, но тоа е вистината за успехот.

2. Ако не прашате, одговорот е не

Сите сме биле во ситуација кога сме сакале да прашаме нешто, да го кажеме нашето мислење или да се искажеме некако, но едноставно не сме можеле да го направиме тоа. Најголемото ограничување што самите си го поставувате е тоа што велите дека не можете да направите нешто пред воопшто да се обидете. Ако ви се допаѓа некоја личност и не ја викнете на кафе, одговорот е не. Ако не побарате уште една порција храна, одговорот е не. Ако преземете акција, одговорот е во недостатокот на таа акција.

Изразете ги вашите желби и остварете ги така што луѓето ќе реагираат позитивно на нив. Доколку се колебате, тогаш најверојатно ќе бидете одбиени. Насочете ги вашите прашања со намера и размислувајте за тоа што ви треба.

3. Ако не направите чекор напред, секогаш ќе бидете на исто место

Општеството е дизајнирано на тој начин што нѐ држи заглавени во рутината на секојдневниот живот. Одите на работа за да го плаќате вашето место на планетата кое за сите би требало да вреди подеднакво. Ако знаете која е вашата страст, ако знаете каде сакате да бидете во животот и сѐ уште не сте стигнале до таму, дали се движите во тој правец? Кога работите на остварувањето на вашите соништа, мора постојано да бидете во движење. Кој е најидеалниот живот што би сакале да го живеете? Правењето мали чекори ќе ве однесе до таа цел.

Фокусирајте се на сегашноста. Погледнете се од туѓа перспектива за момент. Погледнете се на неутрален и објективен начин. Кога ќе го согледате вашиот живот и проблемите што ги имате, ќе ги најдете причините за сето тоа. Што е тоа што ве држи во место и не ви дозволува да одите напред кон вашите соништа? Ако сте навистина подготвени да го чуете вашиот внатрешен глас, одговорите можеби ќе ве изненадат.

Прочитајте ги и следниве 8 важни животни лекции кои ги учиме од негативците во нашиот живот.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар