3 диети за прекрасна кожа

Кожата на лицето е многу нежна и чувствителна и токму затоа на неа се покажуваат сите наши прехранбени навики и начинот на исхрана. Постојат неколку намирници кои помагаат при одржувањето здрав и еднаков тен, па во продолжение прочитајте на кој начин е најдобро тие да се консумираат.

3 диети за прекрасна кожа

Ако на кожата на лицето забележувате неправилности и нееднаквости, тогаш треба да ја зголемите консумацијата на риба и зеленчук. Зелениот зеленчук како марулата, блитвата и спанаќот, како и лососот прават чуда за вашата кожа. Рибата е богата со омега 3 масни киселини, а зеленчукот со витамините А и Ц, па токму овие хранливи материи се заслужни за чистиот и изедначен тен ослободен од борбата со акните и мозолчињата.

3 диети за прекрасна кожа

Ако сакате вашата кожа да биде поинтензивно хидратизирана, тогаш обидете се да го замените утринското кафе со чај. Најсоодветен би бил зелениот чај со неколку капки лимон, без шеќерни додатоци. Тој изобилува со антиоксидансот полифенол, а поради него не само што ќе ја држите кожата хидратизирана туку и ќе ја задоволите потребата од кофеин во организмот.

3 диети за прекрасна кожа

Меката кожа ослободена од неправилни линии првенствено може да ја заштитите со консумацијата на разно овошје и зеленчук. Јагодите, портокалите, пиперките, брокулата и кивите се само некои од намирниците кои имаат благотворно дејство на кожата. Тие обилуваат со витаминот Ц кој што е важен за производството на колаген, кој, пак помага во затегнувањето на кожата.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар