3 универзални начини на шминкање кои ѝ стојат добро на секоја жена

3 универзални начини на шминкање кои ѝ стојат добро на секоја жена

Голем број од девојките и жените ширум светот посветуваат големо внимание на шминкањето. Со оглед на тоа што ни се достапни повеќе производи кои ги имаат професионалните шминкери, можеме слободно да експериментираме и да ја претвориме нашата шминка како онаа за насловните од списанијата. Сепак, многу девојки постојано се трудат да дознаат нови трикови и начини на разубавување, со кои секогаш ќе изгледаат убаво и сјајно. Доколку сте се запрашале дали постои начин на шминкање кој одговара на сечиј облик на лице, како и на сечиј тен, тогаш имајте на ум дека не постои еден, туку три начини. Ви ги претставуваме универзалните начини на шминкање кои ќе го направат вашиот изглед посјаен, без разлика на бојата и нијансата на тенот, обликот на очите или бојата на косата.

1-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

1. „Пајак“ трепки, блескави образи и усни во боја на шумско овошје

2-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

Очи:

За овој изглед потребни ви се, таканаречени, пајак трепки, односно оние кај кои влакненцата се слепени и изгледаат како боцки. Вистински предизвик е да ги добиете, па ако не користите вештачки, сè што е потребно да направите е после виткањето на трепките да нанесете барем три слоја маскара. За слоевите совршено да се надградуваат, почекајте околу минута после секое нанесување на маскарата. Ако сакате трепките да добијат вистински „боцкав“ ефект повлекувајте ја четката од маскарата лево-десно, држејќи ја исправено. Ова е единствениот изглед каде што не сметаат малите грутки од маскара.

3-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

Образи:

Со оглед на тоа дека усните и очите ќе бидат нагласени, образите и јаболкниците треба да бидат суптилно нашминкани. Постојат повеќе начини за да добиете природен и сјаен изглед. На пример, можете да нанесете малку кокосово масло или да го помешате со соодветната сенка за очи и да го нанесете на јаболкниците. Исто така, можете да додадете и малку хајлајтер при нанесувањето на течната пудра, а не преку неа. Немојте да го заборавите ниту стариот, добар вазелин!

4-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

Усни:

Потребно е да го изберете соодветниот кармин или сјај за усни во боја на шумско овошје. Исто така, изберете и молив за усни во истата нијанса. Без разлика, дали имате посветол или потемен тен, оваа нијанса ќе ви прилега совршено. Со обѕир на тоа дека очите се нагласени само со трепките, а немате ни силно руменило, слободно можете да побарате и потемни нијанси во зависност од тоа што повеќе сакате да носите.

5-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

2. Мачкини очи, безбојни усни и контурирање на сиво-кафеаво

6-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

Очи:

Не е лесно да ги добиете таканаречените „мачкини“ очи, бидејќи мора да сте премногу вешти со ајлајнерот, но не грижете се, со доволно вежбање ќе го постигнете тоа што го посакувате. Направете прецизна линија така што ќе започнете од внатрешниот агол на окото и ќе се движите кон надвор, цртајќи тенка линија нагоре. Следниот чекор е врвот на таа линија да го споите со линијата на капакот и тоа при средина на окото. Она што треба да го знаете, без разлика каков облик на очи имате, е тоа дека совршената линија е всушност продолжение на аголот на вашето око, чиј крај би требало да биде паралелен со крајот на окото.

7-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

Образи:

Таупе или сиво-кафеавата нијанса во себе содржи доволно сива боја за да не биде премногу топла и доволно кафеава боја, за да не биде премногу ладна. Исто така, оваа боја фино го имитира природното сенчење на лицето. Со соодветна четка за контурирање, започнете од линијата на увото, продолжете веднаш под образите и застанете на средината, отприлика каде што се наоѓа точката на надворешниот агол на окото.

8-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

Усни:

Безбојните усни не се тешки да се добијат, а дури воопшто не е потребно да ја имате таа нијанса на кармин. Потребно е да нанесете балсам за усни, а потоа со помош на прстот да нанесете течна пудра и нежно да ја тапкате. Доколку сакате, можете одозгора да нанесете безбоен сјај за усни.

9-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

3. Бронзен „зачаден“ изглед, розови образи и сиво-кафеави усни

10-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

Очи:

Бронзената е една од ретките бои кои на најдобриот можен начин ги истакнува сите нијанси на очи. Поради таа причина, морате да ја ставите на вашите капаци. Со поголема четка нанесете ја на горниот дел од капакот, а со помала на долниот дел и потоа по линијата на трепките нанесете потемна сенка. Добро размачкајте ги за да добиете „зачаден“ ефект.

11-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

Образи:

Нијансата која од сите дава најдобар ефект на природно руменило е розовата. Руменилото секогаш се нанесува така што малку ќе се насмеете, а потоа со лесни движења со соодветна четка ќе преминувате од образите кон слепоочниците. Изберете нијанса на розова која ќе ви даде здрав и младешки изглед.

12-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

Усни:

Комбинацијата од сива и кафеава боја е прилично неутрална и оваа нијанса одлично се комбинира со зачадените очи. За да добиете уште подобар ефект на усните, немојте директно да го нанесувате карминот, туку земете малку од него со врвот на прстите, а потоа нанесете го на усните. Бојата на тој начин сигурно ќе ви се допадне уште повеќе.

13-3-univerzalni-nachini-za-shminkanje-koi-stojat-dobro-na-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар