4 мали, но големи вистини за лагите и оние кои лажат

Доколку прашате случајно одбрана личност на улица што мисли за лажењето, тогаш веројатноста е дека нејзиниот одговор ќе биде дека е против тоа. Но, фактите, истражувањата, а и самото секојдневие ни кажуваат сосема поинаква приказна – сите лажеме, колку и да не ни се допаѓа тоа. Како резултат на многу научни истражувања, заклучено е дека човекот кажува лага или ја развлекува вистината просечно 3 пати во текот на разговор со времетраење од 10 минути.

4 мали, но големи вистини за лагите и оние кои лажат

Според д-р Роберт Фелдман, професор по психологија при Универзитетот во Масачусетс, оправдувањето кое луѓето го даваат за кажување на таканаречените бели лаги е дека не сакаат да повредат ничии чувства со вистината, притоа ставајќи се себеси во кожа на оној кој треба да ја чуе и сфаќајќи дека ни тие самите не би сакалае да ја знаат. Но, дали е ова вистинско и доволно оправдување? Кога навистина би сакале да ја чуеме вистината, иако боли? И дали сепак преферираме да нè излажат?

1. Ефектот Пинокио

Станува збор за истражување направено од страна на Универзитетот во Висконсин според кое јасно се гледа дека луѓето кои лажат одложуваат при зборувањето, додека оние кои ја кажуваат вистината се кратки и јасни во тоа што имаат да го кажат. Центар на истражувањето биле исказите на разни политичари во Америка, додека за утврдување на тоа дали ја кажуваат вистината или не бил користен лингвистички софтвер со чија помош биле анализирани преку 500 искази за кои се утврдило дали се точни или лажни.

За да ја провери оваа теорија, весникот Њујорк Тајмс одбрал 70 изјави дадени од страна на Доналд Трамп, еден од кандидатите во претседателската трка во Америка, па откако ги споредиле со реални факти, утврдиле дека дури три четвртини од нив може да се класифицираат како претежно лажни, лажни и потполно бесмислени.

Но, факт е дека повеќето од луѓето се засрамени што им се допаѓаат луѓе кои лажат. Многу е поверојатно дека оние кои го сакаат Доналд Трамп ќе признаат дека го поддржуваат на некоја онлајн анкета отколку во некои интервјуа кои се емитуваат во живо.

(3)-4-mali-no-golemi-vistini-za-lagite-i-onie-koi-lazhat-kafepauza.mk

2. Вистината го уништува апетитот

Едно неодамнешно истражување кое било направено од страна на веб-сајтот „Zagat“ покажало дека луѓето всушност и не обрнуваат толку многу внимание колку калории внесуваат додека јадат во ресторан. На анкетното прашање за тоа дали тие би сакале менијата од рестораните да содржат и нутриционистички информации за секое јадење, дури 68% одговориле со НЕ.

Според Тим Загат, главниот извршен директор на компанијата, овој процент е резултат на фактот дека голем дел од луѓето вечераат надвор поради забава и задоволство. Токму затоа и во тие моменти ним не им е грижа за бројот на калории кој го внесуваат во себе, а уште помалку се опседнуваат со нутриционистичките информации. Од друга страна пак, оние кои навистина се грижат за здравата исхрана се свесни што треба да јадат, а што не уште и пред да дојдат во ресторанот.

3. Кога сакате некого, тогаш го лажете

Една од најголемите контрадикции кои родителите несвесно ги прават е фактот дека ги учат своите деца дека е погрешно да лажат, додека истовремено им кажуваат колку е грубо и навредливо кога, на пример ќе кажат некому дека не им се допаѓа поклонот кој го добиле од него.

Според истражување направено од страна на д-р Бела ДеПауло од Универзитетот во Вирџинија, студентите ги лажат своите родители дури 50% од времето. Доколку ги прашате зошто лажат, нивниот одговор е многу јасен: не сакаат да ги повредат чувствата на своите родители.

(1)-4-mali-no-golemi-vistini-za-lagite-i-onie-koi-lazhat-kafepauza.mk

4. Заљубување во лагите

Како дел од истражувањето на д-р Бела ДеПауло биле и лагите кои ги кажуваме во врските. Од вкупно 147 луѓе на возраст од 18 до 71 година кои учествувале во истражувањето, 100% од нив признале дека го лажат својот партнер една третина од времето. Со другите зборови, секоја врска подлежи на лагите кои партнерите си ги кажуваат меѓусебно од разни причини, па не е ни чудо што многу луѓе го прифаќаат ова како составен дел од додворувањето, а потоа и од самата врска.

Според истражувањето на д-р Фелдман, жените се оние кои почесто подлегнуваат на кажувањето бели лаги за да не го повредат саканиот, додека мажите повеќе имаат тенденција да ја развлекуваат вистината за да ја ублажат сликата за целата ситуација.

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар