2 брзи начини да ја смирите агресивната личност за помалку од 1 минута

Дали знаевте дека постојат психолошки трикови кои можат да ви го олеснат секојдневниот живот? Ви откриваме два со чија помош ќе можете да ја прекинете несаканата кавга или да ја смирите личноста која сака да започне да се расправа со вас.

1-dva-brzi-nachini-kako-da-ja-smirite-agresivnata-lichnost-za-pomalku-od-edna-minuta-www.kafepauza.mk_

1. „Ефектот на човек кој јаде“ ја прекинува кавгата

Сакате да прекинете кавга? Послужете се со „ефектот на човек кој јаде“. Овој трик стана популарен благодарение на виралното видео во кое еден господин прекинува кавга поминувајќи и грицкајќи чипс помеѓу двајца кавгаџии во воз. Природно, тој заради ова го доби прекарот „Snackman“. Консумирањето храна има смирувачки ефект врз луѓето. Ако не го знаат тоа, луѓето кои набљудуваат како другите јадат, несвесно стануваат помалку агресивни.

2. Седнете покрај „непријателот“ и намалете ја напнатоста

Дали некогаш сте работеле со личност на која не ѝ се допаѓате? Ако мислите дека е на чекор пред да почне да ве напаѓа или да започне кавга, седнете покрај неа. За да започне расправија со вас, ќе треба да се сврти со целото тело кон вас. Па, во тој момент или ќе почувствува вина или ќе ѝ стане неудобно да кажува неубави работи за вас додека седите толку близу еден до друг. Најверојатно ќе се повлече и ќе замолчи.

Исто така, ви предлагаме да погледнете и како да ја претворите караницата во размена на мислења.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар