15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињата

Кога станува збор за животот, кучињата знаат што прават. Од нив можат да се научат многу животни лекции кои потоа можат да ни помогнат во голем број ситуации. Токму затоа погледнете ги следниве совети кои доколку можеа да зборуваат, кучињата секојдневно ќе ни ги кажуваа…

1. Бидете неуредни

(1) 15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињата

Животот е многу позабавен ако сте подготвени да живеете во моментот и да се опуштите. На кучињата воопшто не им пречи доколку имаат малку кал на нивното лице, секако ако тоа значи добра забава. Туширањето секогаш стои како можност за подоцна.

2. Трчајте, скокајте и играјте – само затоа што можете

(2) 15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињата

На кучињата не им треба изговор да трчаат наоколу и да искусуваат радост. Зарем нема животот да ви стане многу подобар доколку и вие го правите истото? Токму затоа следниот пат кога ќе бидете на прекрасна ливада опуштете се и едноставно почнете да трчате. Па, дури и да сте во вашиот дом, зошто да не пуштите музика и да танцувате како никој да не ве гледа?

3. Не плашете се да се релаксирате

(3) 15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињата

Никогаш нема да има крај на притисоците од животот, па токму затоа е важно да запомните дека одморот е нужен. Ниту едно куче не се плаши да дремне кога ќе почувствува мал умор, па токму затоа и вие би требало да го правите истото.

4. Бидете верни на себе

(4) 15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињата

Кучињата знаат точно кои се и кои не се. Тие не се срамат од новите искуства, но исто така и сè што прават го прават за самите себе, не со цел да воодушеват некој друг. Оваа висока самодоверба е одлична за животот.

5. Понекогаш дозволете си да бидете будалести

(5) 15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињата

Каде е забавата ако секогаш држите сè под контрола? Кучињата во секое време се подготвени да изгледаат малку будалесто со цел да се расположат, но и да ги насмеат оние околу нив. Токму затоа следниот пат не размислувајте два пати пред да одлучите да танцувате помеѓу луѓе. Едноставно помислете што би направило кучето во таа ситуација и токму тоа направете го и вие.

6. Давајте им шанса на сите

(6) 15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињата

Убавината кај кучињата се наоѓа во начинот на кој тие им пристапуваат на сите живи суштества. Тие се без предрасуди, никогаш не се резервирани при првиот контакт и секогаш се расположени за нови пријателства. Луѓето можат многу да научат од нив на оваа тема.

7. Дочекувајте го секој ден со нова возбуда

(7) 15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињата

Сте забележале како кучињата никогаш не губат интерес за прошетки? Тие имаат неверојатна способност да се заљубуваат во денот исто како тој да им е првиот и единствен ден во нивниот живот. Не треба да губите интерес за добрите нешта во животот и треба постојано да бидете благодарни за она што го имате.

8. Не заборавајте да ја цените храната

(8) 15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињата

Храната е прекрасна и магична, таа има моќ да нè одржува во живот и е сосема логично да го поздравувате секој оброк на вашата трпеза со мал среќен танц, дури и покрај тоа што сте луѓе.

9. Грижете се за себе

(9) 15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињата

Многу е лесно да се изгубите во вашите обврски и да заборавите на грижата за себе. Кучињата никогаш не се забораваат и без разлика на задачата која ги очекува, тие секогаш ќе најдат време барем за кратко протегнување. Токму овие мали рутини се оние кои ја покажуваат и одржуваат љубовта кон себе.

10. Заборавете на марките

(10) 15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињата

Сте забележале како кучињата гледаат на чевлите како забава која е иста како нивните играчки? Ова се случува затоа што тие не се грижат за „марки“ и сите предмети ги третираат исто. Тие не се грижат за она што другите го сметаат за „нормално“ туку едноставно уживаат во сите предмети кои ги поседуваат.

11. Бидете лојални

(11) 15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињатаfepauza.mk

Кај кучињата лојалноста е нешто што се појавува автоматски. Тие знаат која им е најважната личност во животот и постојано се на нејзина страна, без разлика на ситуацијата.

12. Не бидете злопамтило

(12) 15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињата

Кучињата имаат навика да ги заборават оние нешта кои не им се важни, најверојатно затоа што на крајот, тие навистина немаат никаква вредност. Дури и ако сте правеле грешки во минатото, вашето куче веќе ви опростило и повторно во секој момент ви пристапува со љубов.

13. Големината и титулата не значат ништо

(13) 15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињата

Кога едно куче ќе се сретне со друго куче, тие не ја гледаат разликата во расата, ниту пак во нивната големина. Тие гледаат потенцијален пријател со кој би можеле да го исполнат целото свое слободно време. Запомнете го ова следниот пат кога ќе се запознавате со нова личност.

14. Ценете ги малите нешта

(14) 15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињата

Ниту една радост не е доволно мала за кучињата да не ја ценат. Тие се подготвени во секој момент да успорат и да уживаат дури и во наједноставните задоволства во животот. Можеби и вие би требало одвреме-навреме да застанете и без причина да го почувствувате ветрот во вашата коса…

15. Не се плашете да покажете колку љубите

(15) 15 нешта кои секој човек може да ги научи од кучињата

Кучињата никогаш не се плашат да ви покажат колку им значите. Особено во оние моменти кога ќе се вратите дома. Тие едноставно се бескрајно среќни што ве гледаат, исто како да поминале цела вечност без вас. Оваа искреност навистина недостасува во човечките врски и можеби е време тоа да се промени…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар