14 знаци дека сте личност со слободен ум

Слободниот ум е нешто кон кое сите целиме, но не е лесно да се постигне. Воспитувани сме да ги почитуваме авторитетите и затоа не е лесно да станете таков човек, а уште потешко е потоа да се справите со оние кои не се како вас. И покрај тоа што слободоумните се малцинство и често пати осудувани за некои свои ставови, сепак понекогаш се популарни поради тоа. Тие ќе се препознаат по овие четиринаесет карактеристики.

14 знаци дека сте личност со слободен ум

1. Вие сте Бог сами на себе

Сакате да бидете длабоко убедени во она што го мислите и затоа сакате да ги преиспитувате ставовите. Како последица на тоа вие не ги прифаќате догмите. Не ги прифаќате слепо ставовите на вашите родители, на религиските водачи, на славните, на интелектуалците итн. Сакате работите да го поминат тестот на вашата љубопитност и искуство пред да ги прифатите како точни.

2. Одлични сте во тоа што го правите

Секогаш се вложувате целосно во она што го правите затоа што слободоумниот човек не е медиокритет. При тоа не е битно што е она го работите. Не ви треба работа како уметник или каков било креативец или интелектуалец за да можете да се наречете слободоумен човек, како што налага стереотипот. Доволно е да не се задоволувате со малку во она што го работите и да се обидувате да го подигнете своето ниво на секој можен начин самите наоѓајќи начини како да успеете во тоа.

3. Имате уникатен моден стил

Тоа не мора да е таков стил според кој што одредена група на луѓе ќе смета дека сте чудни, но сигурно не се облекувате како што налагаат модните правила. Не чувствувате потреба да изразувате некаков став преку облеката или фризурата, едноставно имате стил каков што сакате да имате без да се грижите за она што другите мислат за него.

4. Креативни сте

Не мора да сте уметник или писател за да се наречете креативна личност. Потребно е да размислувате креативно, на начин кој не е вообичаен и да доаѓате до заклучоци на креативен начин ослободен од конвенционалните начини на размислување. Таквото размислување е карактеристика на слободоумните луѓе.

5. Има некој што мисли дека сте чудна личност

Тоа е данокот што луѓето со слободен ум го плаќаат дури и во денешно време. Сигурно има некој со неслободен ум кој некогаш ве нарекол чуден или чудна, но вие можеби и сте горди на тоа знаејќи колку сте различни од тие луѓе. Веројатно имате само неколку блиски пријатели кои се исти како вас и ги обожавате.

6. Не сакате авторитети

Слободоумниот човек знае дека моќта на умот лежи во љубопитноста и сомнежот. Тој ги почитува оние кои постигнале повеќе и кои имаат одреден авторитет во некоја област, но не дозволува тие да влијаат на неговиот начин на размислување.

7. Имате пријатели со кои имате различни ставови

Вие не сте една од оние личности кои сакаат да мислат исто како и нивните пријатели. Вие си мислите самите со своја глава. Прифатливо ви е да се дружите со луѓе со кои имате различни ставови затоа што знаете да го цените и нивниот начин на размислување. Дури ви е задоволство тоа што овие луѓе ви нудат некој друг начин на гледање на работите кој ви дава можност повторно слободно да размислувате за своите гледишта.

8. Не се заморувате со славните личности

Знаете која е Ким Кардашијан, но само толку колку да знаете дека тоа што таа има да го понуди не ви чини и дека треба да ги одбегнувате информациите за неа. Имате за што да размислувате и не ви требаат ваков тип на содржини во животот. Тој е многу поубав без нив.

9. Не гледате многу телевизија

Телевизијата е еден од главните канали преку кој авторитетите се обидуваат да влијаат на голема маса на луѓе. Се обидуваат да ви ги протнат нивните идеи преку некаков вид на забава, но вам и онака позабавни ви се излетите во природа, средбите лице в лице со пријателите, читањето или спортувањето. Затоа не гледате многу телевизија и кога го правите тоа, добро одбирате што ќе гледате.

10. Многу сакате да читате

Слободоумните луѓе уживаат во читањето книги. Сакаат да читаат и списанија, весници, да сурфаат на интернет, но најмногу од сè задоволство наоѓаат во книгите. Тоа е нивниот начин главата да си ја наполнат со многу нови идеи.

11. Не користите етикети

Не користите етикети за да ги оквалификувате луѓето како едно или друго поради нешто што прават или мислат. Вие се обидувате подлабоко да го согледате она што луѓето го носат во себе. Не го гледате светот црно-бело, делејќи ги луѓето на глупави и паметни, либерални и конзервативни, технаџии и фолкери, религиозни и нерелигиозни. Досега сте сфатиле дека секој што е либерален не е еднакво либерален како и некој друг и оној што е религиозен не е исто религиозен како и сите други.

12. Сте сфатиле дека светот може да го набљудувате од многу различни агли

Луѓето со слободна мисла ја обожаваат повеќедимензионалноста на светот и сакаат да ја истражуваат. Умеете да гледате од повеќе различни агли и да најдете по нешто во секој од нив по кој ќе го цените.

13. Постојано поставувате прашања

За да знаете, мора да поставувате прашања. Ако сте слободоумна личност, сигурно тоа го правите уште од најмала возраст и никогаш не сте престанале. Вие не ги прифаќате работите така како што ќе ви ги кажат, туку сакате да се уверите во нив и да ги разберете.

14. Забавно ви е така

Се разбира, слободната мисла носи возбуда и затоа постојано ви е забавно. За добро да си го исполните времето вам ви е доволно само да си најдете тема на која ќе размислувате, на која ќе си филозофирате длабоко во себе. А покрај тоа сакате да пробате и нови работи кои ќе ги поместат границите на она што дотогаш сте го знаеле. Сте сфатиле дека животот е полн со можност и за авантура, а вие ги прифаќате сите нив.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар