12 причини зошто паровите кои се сретнале во нивните 20-ти години имаат најуспешни врски

12 причини зошто паровите кои се сретнале во нивните 20-ти години имаат најуспешни врски

Не постои правило за тоа кои години се идеални за започнување сериозна врска, но постојат одредени предности кај секоја возраст. Експертите сметаат дека сепак најуспешни се љубовните врски на паровите кои се запознале во нивните 20-ти години. Во продолжение прочитајте ги 12-те причини зошто е тоа така…

12 причини зошто паровите кои се сретнале во нивните 20-ти години имаат најуспешни врски

1. Знаете што сакате. Тинејџерскиот период завршил. Не сте повеќе збунети околу вашите желби и потреби. Знаете со каква личност би можеле да го поминете животот и токму затоа ќе можете да си најдете некој кој совршено ќе ви одговара.

2. Знаете како да се цените еден со друг. Знаете како е да се биде сингл и како изгледаат врските со погрешна личност. Чувствувате олеснување што сте нашле некој толку прекрасен колку вашиот партнер и никогаш нема да го земате здраво за готово.

3. Заработувате самите. Пред неколку години не можевте да си дозволите ниту парче пица без да побарате пари од родителите. Можеби сѐ уште се соочувате со одредени финансиски проблеми, но можете да си дозволите убави роденденски подароци и вечери во добри ресторани. Можете да му угодите на партнерот бидејќи тој тоа и го заслужува.

4. Подготвени сте за сериозна врска. Доста ви е веќе од кратките врски и сексот без обврски. Подготвени сте да преминете на нешто посериозно. Подготвени сте да започнете живот со некого.

5. Позрели сте. Доколку се скарате, нема веднаш да раскинете поради тоа. Наместо тоа, ќе разговарате како возрасни и постигнете компромис. Ќе знаете како да ги решите проблемите.

6. Добри сте во кревет. Не сте повеќе неискусни и многу добро знаете што ве возбудува и што може да ве доведе до оргазам. Тоа значи дека сексот ќе биде одличен.

12 причини зошто паровите кои се сретнале во нивните 20-ти години имаат најуспешни врски

7. Вашето семејство не може да ви ги наруши односите. Сега сте веќе возрасни и вашите родители не можат да ви кажуваат со кого да бидете во врска. Вие самите одлучувате дали ви се допаѓа некој и воопшто не се грижите дали тој ќе им се допадне на другите.

8. Вашето срце веќе еднаш било скршено. Знаете какво е чувството кога сте изгубени, скршени и повредени. Сте ја доживеале темната страна на љубовта и знаете како изгледа токсична врска. Сигурни сте дека оваа не спаѓа во таа категорија.

9. Знаете што е љубов. Не сте толку млади за да ја помешате љубовта со страст. Знаете какви чувства буди вистинската љубов. Кога ќе ги изговорите тие мали зборови со големо значење, навистина го мислите тоа што кажувате.

10. Си помагате еден со друг. Доколку мислевте дека тинејџерските години се најтешкиот период од животот, размислете уште еднаш. И во вашите 20-ти години ќе се чувствувате збунето, бидејќи нема да знаете дали сте доволно добри. Но, тука ќе биде вашиот партнер кој ќе ви помогне да го поминете сето тоа. Тој ќе ви помогне да го видите вашиот потенцијал. Ќе ви помогне да станете најдобрата верзија од себе.

11. Сте доживеале значајни животни искуства. Сте биле со многу други луѓе и тоа е добро. Нема да се интересирате како е да се биде со некој друг и нема да имате потреба да истражувате. Нема да се чувствувате како да пропуштате нешто, затоа што веќе сте го искусиле сингл животот. Знаете точно како е.

12. Пријатно ви е во своја кожа. Знаете како да се сакате себеси и затоа нема да прифатите ништо помалку од она што го заслужувате. Сега сте со некој кој знае колку вредите. Некој со кого можете да се видите во иднина. Некој кој го сметате за ваша сродна душа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар