Исхраната на вашите деца е важна: Зошто децата не смеат да јадат колбаси?

Исхраната на вашите деца е важна: Зошто децата не смеат да јадат колбаси?

Колбасите се лесни за подготовка, но не се и најкорисниот производ. Навикнувањето на детето на вкусот на колбасите од најрана возраст е погрешно бидејќи на тој начин го „програмирате“ неговото идно однесување во животот.

Исхраната на вашите деца е важна: Зошто децата не смеат да јадат колбаси?

Телото многу брзо се „поврзува“ со вкусот на колбасите благодарение на адитивите за вкус кои буквално предизвикуваат зависност.

Некои родители дури сметаат дека колбасите се „вистинско“ месо. Но, всушност, во колбасите нема повеќе од 10% месо. Останатите состојки се тетиви, кожа, животински масти, протеини, масни емулзии, стабилизатори, бои, како и брашно и скроб, кои ја спојуваат целата смеса. Тоа не е најкорисниот склоп од состојки за детскиот стомак.

Колбасите го уништуваат имунолошкиот систем

Боите, конзервансите, засилувачите на вкус и други хемикалии додадени од производителот постепено се акумулираат во телото. За да се ослободи од „оптоварувањето“, тоа работи во подобрен режим, а имунолошкиот систем на детето слабее затоа што „силите“ што треба да се борат со инфекциите се насочени кон преработката на отрови.

Колбасите може да предизвикаат дебелеење

Исхраната на вашите деца е важна: Зошто децата не смеат да јадат колбаси?

Колбасите се висококалоричен производ со скриен шеќер (да!), многу јаглехидрати кои бавно се разградуваат, соја и тони сол. Сето ова го нарушува хормоналниот систем, а телото го складира вишокот калории за потоа да ги претвори во масти. Во исто време, хранливата вредност на колбасите е речиси нула.

Ако навистина сакате да ги вклучите колбасите во исхраната на вашето дете, тогаш избирајте производи што се наменети за деца. Овие колбаси се разликуваат по состав од другите и се прилагодени специјално за исхраната на вашето дете. Барем така велат производителите.

Можеби сакате да прочитате и за тоа кои намирници се штетни за здравјето на вашите бубрези


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар