10 знаци дека сексуалниот живот ви за’рѓал

Сексуалната монотонија може да настапи во секој момент, а често доаѓа уште пред да станеме свесни дека тоа може да се случи. Тогаш доаѓа до незадоволство, депресија и нерасположение, кои се одразуваат на сите полиња во животот. Не за џабе се вели дека здравиот сексуален живот е темел за убав живот. Ако во последно време не сте задоволни од она што се случува под чаршафите, проверете дали вие сте придонеле за тоа и согласно преземете ги потребните чекори за промена.

10 знаци дека сексуалниот живот ви за’рѓал

Ова се 10 јасни знаци дека е време да го оживеете вашиот за’рѓан сексуален живот и конечно да добиете насмевка на вашето лице.

1. Не памтите кога последен пат сте воделе љубов вон креветот.

2. Бојата на косата ја менувате почесто од секс-позите.

3. Секс-играчките за вас се само идеален роденденски или веренички подарок за пријателките.

4. Шлагот, овошјето и течното чоколадо се резервирани само за во фрижидер.

5. Вашата најзаводлива техника е соблекување на градникот.

6. Предиграта трае колку и барањето кондом.

7. Сексот на брзинка ви стана практика.

8. Пред некоја вечер таман тргнавте во акција, но ви беше многу ладно за да се соблекувате, па останавте да гледате филм на телевизија.

9. Нема шанси да го наместите алармот половина час порано за да имате утрински секс.

10. Не се сеќавате кога последен пат сте се самозадоволувале.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар