10 совети за да престанете да им судите на другите

 

„Замислете дека се шетате низ шума. Одеднаш среќавате кученце кое изгледа слатко, мило и пријателски расположено. Се доближувате до него за да го погалите, но тоа одеднаш почнува да ’ржи и ве каснува. Кученцето веќе не ви изгледа слатко, ве прави гневни и се плашите од него. Во тој момент дувнува ветре, ги растргнува лисјата од патеката и ја забележувате стапицата во која тоа е фатено. Сфаќате дека тоа така реагирало поради болката што ја чувствува и одеднаш сочувствувате со него.“

10 совети за да престанете да им судите на другите

Никој не сака другите да му судат, а повеќето луѓе не сакаат ниту да им судат на другите. Па сепак, тоа на сите нам ни се случува. Затоа психологот Барбара Марквеј ја истакнува оваа приказна за кучето. Таа прецизно доловува како нашите размислувања и судови се менуваат во зависност од фактите кои ни се на располагање, а понатаму дава и десет совети со цел да престанете да им судите на другите или барем помалку да го правите тоа.

1. Не се обвинувајте себеси

Ако сте биле гневни на кучето кога ве каснало, а не сте ги знаеле причините позади тоа, тогаш сте реагирале на сосема нормален начин. Не се обвинувајте поради тоа. Најдоброто што можете да го направите во оваа ситуација е да застанете и да размислите за ситуацијата пред да се впуштите во донесување заклучок.

2. Бидете разумни

Иако нападот е природна реакција, размислете малку пред да кажете нешто осудувачко и навредливо. Како во примерот со кучето, не знаеме секогаш од каде доаѓа однесувањето на другиот.

3. Не значи дека е до нас

Ако некој ви дал причина да му се налутите, тоа не мора да е до вас, па вие да го дигнете гардот. Можеби таа личност има некакви проблеми кои ја тераат на такво однесување, но подобро ја крие својата болка.

4. Барајте го доброто во луѓето

Не е лесно да се направи тоа кога некој ви причинува незадоволство, особено затоа што сме склони кон тоа да го бараме негативното кај другите поради стравот да не бидеме повредени. Но, обидите да се најде нешто добро кај нив придонесува кон намалување на осудувачкиот став.

5. И тие се исти како вас

И другите чувствуваат исто како вас. И тие си ги сакаат семејствата, си ги сакаат пријателите, не сакаат да страдаат, но прават и грешки.

10 совети за да престанете да им судите на другите

6. Погледнете ги работите од друг агол

Некои луѓе ги решаваат проблемите на начин на кој вие не би ги решавале. Далај Лама вели: „Луѓето одбираат различни патишта кон исполнувањето и среќата. Ако некој не оди по нашиот пат, тоа не значи дека се загубил.“ Затоа и не заслужува да му се суди за неговото однесување.

7. Погледнете се во огледало

Честопати им судиме на другите за работи кои и самите ги правиме. Криви ни се затоа што слушаат гласна музика, за тоа со каков акцент зборуваат, како возат итн. А и ние често пати ги правиме истите работи поради кои им судиме.

8. Едуцирајте се

Понекогаш необичното однесување може да се случува поради оправдани причини кои ние самите не можеме да ги разбереме. На пример, може да помислите дека некој ви намигнува, а тој всушност има тикови.

9. Дозволете си сомнеж

Никој не се буди наутро со мислата да се однесува како невоспитан. Секој се труди најмногу што може, па затоа дозволете си да се посомневате дека личноста чие однесување вам ви изгледа чудно всушност работите ги прави на правиот начин.

Чувствувајте се убаво во своја кожа

Тоа е многу битен услов за да престанете да гледате наоколу и да покажувате со прст на другите. Кога вам ви е добро, тогаш не ви е гајле за тоа што прават другите.

На крај, запомнете дека покажувањето со прст и секојдневната осуда на други личности не зборува за нив, туку за вас.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар