10 работи кои мајките домаќинки сакаат да им ги кажат на своите вработени сопрузи

Ако имате стандардно работно време, сигурно често испуштате многу од она што се случува дома. Не ја гледате вашата сопруга која ги носи децата на училиште, се обидува да ја испере валканата облека, ги мие садовите, го чисти подот и успева да најде време да си игра со вашето мало дете. Има многу работи со кои треба да се справи, а нејзината листа на обврски како да нема крај. Иако можеби не сте таму за да ѝ помогнете во хаосот, постојат неколку ситници кои навистина ќе ѝ значат. Па мажи, погледнете ги 10-те работи кои вашите сопруги домаќинки сакаат да ги знаете.

10-raboti-koi-majkite-domakjinki-sakaat-da-im-gi-kazhat-na-svoite-sopruzi-kafepauza.mk

1. Потребно ѝ е вашето признание

Можеби сметате дека таа знае дека е неверојатна сопруга и мајка, но сепак има потреба и да го слушне тоа. И сака да го слушне од вас. Постојано потсетувајте ја колку добра мајка е и забележувајте ги работите кои ги прави. Дали ви направила вкусен оброк? Заблагодарете ѝ се. Дали ви ја средила облеката? Спомнете го тоа. Кога ќе слушне дека го цените она што го прави, таа ќе се чувствува многу подобро и ќе се мотивира.

2. Родителството е работа со полно работно време

Нема одмор или боледување. Родителството е работа која трае 24 часа, секој ден. Како што вие сте изморени после долг работен ден, исто се чувствува и вашата сопруга. Кога ќе се вратите дома ако вашата сопруга брза да го подготви ручекот, а потоа да ги однесе децата на некој курс, помогнете ѝ.

3. Таа е изморена

Бидејќи, како што веќе кажавме, родителството е со полно работно време, вашата сопруга се чувствува емоционално и физички истрошено. Понудете ѝ масажа за да ја опуштите.

4. Сака да биде најдобра мајка

Но ова не секогаш ѝ успева. Можеби десертот не излегол како на фотографијата, или пак знакот кој го направила за влезната врата не изгледа како што треба. И покрај тоа, прегрнете ја и кажете ѝ дека ги сакате работите кои ги прави за вашето семејство. Без разлика дали креацијата е успешна, сепак е од неа и е посебна.

5. Понекогаш не се чувствува како жена

Навистина е тешко да се чувствувате убаво кога секој ден носите тренерки. Следниот пат кога ќе се подготвувате за излегување, одвлечете им го вниманието на вашите деца и дозволете ѝ на сопругата да се среди. Ова ќе ѝ помогне да се чувствува подобро и може многу да ѝ ја зголеми самодовербата.

6. Таа не е совршена

Понекогаш ќе се соберат многу валкани садови. Понекогаш ќе ги носи истите панталони цела недела. Во ред е понекогаш да не биде сè под конец. Никој не е совршен. Па следниот пат кога вашата сопруга ќе се чувствува како да не е доволна, потсетете ја на работите кои ги сакате кај неа.

7. Не може сè сама

Вие сте ѝ очајно потребен на вашата сопруга. Потребна ѝ е вашата поддршка и љубов за да издржи уште еден ден. Постојано обидувајте се да бидете овде за вашата сопруга. Потребен сте ѝ повеќе отколку што мислите.

8. Потребно ѝ е време за неа

Таа не го сака тоа, но има потреба од време за неа. Предложете ѝ да помине една вечер со пријателките или пак подгответе ѝ пенлива купка, а вие грижете се за децата.

9. Ве цени

Таа гледа како работите и заработувате за вашето семејство. Иако можеби не ви кажува секогаш, таа навистина го цени тоа.

10. Сака да биде мајка домаќинка

Дури и со сите незгоди и обврски, таа ужива во она што го прави. Децата се нејзиниот свет и не би ги заменила за ништо.

Па сопрузи, кажете ѝ на сопругата колку ја цените. Таа работи напорно за вашето семејство да биде среќно. А вашето ценење е можеби она што ѝ е потребно за да продолжи понатаму.

Дознајте ја целостната вистина за мајките домаќинки.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. K.T Reply

    A ova tesko deka ke bide so ovie nasi Balkanci…posebno toa prvoto..abe ke umrat ama nema da te pofalat a prvi se sebesi da se ispofalat. Valoprtkovci samobendisani..

Остави коментар