Целосната вистина за животот на сите невработени мајки

Изморена од честото прашање „Но, што работиш ти по цел ден?“, тату артистката Ришел Каслбери од Флорида, одлучила да напише писмо и да го објави на Фејсбук, во чест на сите мајки кои го посветиле живот на своите деца и одржувањето на домот. Објавата буквално експлодирала! Таа добила преку 640.000 лајкови, а текстот е споделен повеќе од 300.000 пати.

1-shto-ti-rabotish-po-cel-den-tochnata-vistina-za-site-majki-koi-ne-rabotat-www.kafepauza.mk_

Можеби ви изгледа дека бројката е голема, но тоа не е доволно. Овој текст би требало да го прочитаат сите луѓе од целиот свет за мајките навистина да ја добијат почитта поради својата голема жртва за доброто на нивните деца и семејство. Меѓутоа, не сите се сложиле со нејзината објава. Некои мајки кои работеле ја критикувале Ришел со тоа што коментирале: „Нè има и нас кои го правиме сето тоа и плус работиме“. Ришел се обидела да ја одбрани својата објава со што коментирала: „За сите мајки кои работат, татковци кои работат или кој било друг, треба да ја прочитаат пораката од текстот и да ги заменат оние зборови со зборови што повеќе одговараат во нивната ситуација.“

Мојата сопруга не работи!

Во продолжение следува разговорот помеѓу мажот (М) и неговиот психолог (П):

П: Со што се занимавате господин Роџерс?

М: Работам како сметководител во една банка.

П: А вашата сопруга?

М: Таа не работи, таа е домаќинка.

П: Кој подготвува појадок за вашето семејство?

М: Мојата сопруга, бидејќи таа не работи.

П: Кога се буди вашата сопруга?

М: Рано се буди, бидејќи мора да се организира. Подготвува ручек за децата. Се грижи да се добро облечени, да се исчешлани. После појадокот следува миење на забите, па таа им го подготвува приборот за на училиште. Наутро се буди и со нашето бебе на кое треба да му се промени пелената и да се облече. Додека го дои бебето, подготвува појадок за сите.

Листата на задачи кои таа ги извршува секојдневно не завршува овде…

П: Како вашите деца одат на училиште?

М: Мојата жена ги носи во училиште, бидејќи таа не работи.

П: Откако ќе ги остави во училиште, што друго прави вашата сопруга?

М: Најчесто, прво смислува што би требало да направи за денес, па оди до банката за да ги плати сметките, па до маркетот заедно со бебето. А, понекогаш заборава да купи нешто, па заедно со бебето, повторно се враќа до градот. Кога ќе се врати дома, го пресоблекува бебето и му подготвува оброк, па повторно го дои. Па, потоа го заспива. И додека бебето спие, таа заминува во кујната и започнува да го подготвува ручекот, да ја пере облеката, да ја чисти куќата. А, знаете, таа не работи.

П: Откако вие ќе дојдете дома, што правите тогаш?

М: Се одмарам, секако. Па, изморен сум после цел ден работа во банката.

Чекајте, а што се случува навечер?

П: Што прави вашата сопруга навечер?

М: Готви вечера, ја сервира масата, откако ќе јадеме ги мие садовите, ја средува кујната, а остатокот од храната му го дава на кучето. Откако ќе им помогне на децата околу домашната работа, таа им помага да ги облечат пижамите, да ги измијат забите, бидејќи е време за спиење. Го бања бебето, го пресоблекува, му дава да јаде. И тогаш се одмара. Бидејќи, таа не мора да стане рано наутро за на работа.

Многу луѓе погрешно го сфаќаат животот на невработените мајки…

Ова е дневната рутина на многу мајки во целиот свет, започнува наутро и трае до доцните вечерни часови… И за тоа некој вели дека „Tаа не работи“! За домаќинка не постои диплома, но таа има клучна улога во семејниот живот! Уживајте и ценете ги вашите сопруги, мајки, баби, тетки, сестри, ќерки, бидејќи нивната жртва е непроценлива.

Еднаш ме прашаа: Ти работиш или си домаќинка?

Јас одговорив: Јас работам дома, како мајка, 24 часа дневно!

Јас сум мајка. Јас сум жена. Јас сум ќерка. Јас сум аларм. Јас сум готвачка. Јас сум слугинка. Јас сум мајстор. Јас сум келнерка. Јас сум дадилка. Јас сум медицинска сестра. Јас сум физички работник. Јас сум заштитник. Јас сум советник. Јас сум тешител. Јас немам годишен одмор. Јас немам дозвола за болест. Јас немам слободен ден. Јас работам и преку ден и за време на ноќта. Јас сум на должност цело време. Јас не примам плата.

Но повторно, често го слушам прашањето: Што работиш ти по цел ден?

Посветено на сите жени кои ги дале своите животи за благосостојбата на своето семејство.

Жената е како сол: Нејзината присутност не се забележува, но нејзиното отсуство, остава сè без вкус!

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар