Треба нешто да запомните? Тогаш земете го блокот за цртање!

Според неодамнешните истражувања објавени во списанието „The Quarterly Journal of Experimental Psychology“, најдобриот начин нешто да се запомни е тоа да се нацрта. Истражувачите од Универзитетот во Ватерлу им дале на испитаниците лист од едноставни зборови кои можат лесно да се нацртаат како што се „авион“ или „тиква“. Испитаниците имале 40 секунди или да го нацртаат зборот или да го запишат онолку пати колку што можат. Потоа, им била дадена дополнителна вежба во која требало да се идентификуваат музички тонови, за да се исполни времето. Конечно, истражувачите им рекле на студентите да се обидат да запомнат колку што е можно повеќе зборови од претходната листа.

Треба нешто да запомнете? Тогаш земете го блокот за цртање

Резултатите покажале дека оние субјекти кои ги нацртале зборовите запомниле двојно повеќе од нив, отколку оние кои ги напишале. Во варијациите на експериментите во кои студентите ги цртале зборовите, одново и одново, или им било кажано да го запишат секој збор по еднаш со додавање визуелни детали на буквите (како сенки), се забележале истите резултати. Цртањето доминирало не само над пишувањето на зборовите туку и врз нивното визуализирање и опишување.

„Сметаме дека механизмот кој го поттикнува ефектот е тоа што цртањето ја промовира интеграцијата на многу типови мемориски кодови (елаборација, визуелни слики, моторно движење и фотографска меморија) во една кохезивна мемориска трага, и токму тоа го олеснува подоцнежното потсетување и навраќање на проучените зборови“ – велат истражувачите.

Се разбира, потребно е време за да се докаже дека резултатите од истражувањето се навистина точни и дека можат да се применуваат во пракса за добивање подобри резултати. Но, безбедно е да се каже дека доколку сте заинтересирани во зајакнувањето на меморијата, концентрацијата и помнењето, тогаш можеби е време да инвестирате во добар прибор за цртање и часови по ликовна уметност.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар