Тест: Како би живееле кога би биле богати?

Кога читате како живеат богатите и славните личности, дали се прашувате каков би бил вашиот живот доколку вие би биле на нивно место? Одговорете на следниве прашања и дознајте го одговорот на ова прашање.

test-kako-bi-zhiveele-koga-bi-bile-bogati-kafepauza.mk

1. Замислете, после неколку години упорно играње игри на среќа, конечно добивате главна награда од 30 милиони евра. На што ќе ги потрошите парите?

А: Ќе се почестите себеси со крстарење на луксузен брод или патување околу светот, ќе купите скапа облека од познати брендови, дијамантски прстен и уште многу други работи кои во суштина не ви се потребни.

Б: Прво ќе им купите куќа на своите родители за која тие сонуваат и на вашиот брат сестра ќе му/ѝ уплатите за факултет, а потоа сите заедно ќе заминете на заслужен одмор.

В: Веднаш ќе ангажирате личен финансиски советник затоа што имате намера да ги вложите парите во добар бизнис.

2. Како дете сте сонувале…

А: Да берете цвеќе и како Хајди да живеете во мала колиба.

Б: Да живеете во Дизниленд во замокот на Заспаната убавица.

В: Да бидете како Вили Вонка и да управувате со фабрика за чоколади во која бесконечно ќе уживате во слатките работи.

3. Имате добро срце и душа, но бидејќи државата ви одзема голем дел од добивката сте се одлучиле да подарите неколку илјади евра на…

А: Асоцијација за заштита на русокосите и другите дискриминирани малцинства.

Б: Програма за помош на жртви на семејно насилство.

В: Фонд за помош на семејства кои имаат отпуштени работници.

4. Вечерва одите на романтична вечера. Кој е среќникот?

А: Даниел Мид, главниот уредник на магазинот „Мода“ од ТВ серијата „Грдата Бети“. Тој ве води на прослава на роденден за една филмска дива.

Б: Доктор Мамур од серијата „Вовед во анатомијата“. Имате резервирано маса во мал романтичен италијански ресторан.

В: Кристијан Трој од серијата „Сечи ме“ кој ви предлага да одите на возбудлива „ботокс забава“.

5. Вашата скриена страст е:

А: Реално шоу. Едноставно не пропуштате ниедна емисија од тој тип и радо би учествувале во некоја.

Б: Редовно гледате натпреварување во лизгање на мраз. Луди сте по неверојатните скокови и танцувања кои ги изведуваат мускулести натпреварувачи.

В: Обожавате ТВ квизови и би се пријавиле да учествувате во Милионер.

6. Што е за вас крај на светот?

А: Кога добивате известување од банка дека сте во минус.

Б: Кога ви е досадно.

В: Кога шефот јавно ја одбива вашата одлична идеја на работа.

7. Веќе три години живеете со вашиот дечко, а тој воопшто не размислува за брак. Што преземате?

А: Трпеливо чекате, затоа што верувате дека на крајот сепак ќе ја донесе правилната одлука.

Б: Отворено го прашувате: „Мили, кога ќе се венчаме?“

В: Тивко патите, затоа што попрво би го напуштиле отколку да го молите да се венчате.

8. Како ја замислувате вашата идеална куќа?

А: Како дворец од 18 век.

Б: Луксузна вила во Малибу.

В: Огромен стан во висока зграда која се наоѓа во популарниот дел од градот.

9. Што би помислиле додека чекате ред на каса во маркет, а пред вас го гледате Бред Пит?

А: Кутар, сигурно се има изгубено. Не е возможно покрај толку пари, самиот да пазари.

Б: Колку би заработила сега да го сликам со својот фотоапарат?

В: Што сè има во неговата кошница! Не е ни чудно што Анџелина е толку слаба.

10. Кога на плажа ќе здогледате осамена девојка, веднаш помислувате:

А: Веројатно го чека својот дечко.

Б: Со оглед на скапоцените работи и облека кои ги носи мора да е манекенка.

В: Сигурно ѝ е жал што ги заборавила очилата за сонце.

Решение:

  • Најмногу одговори под А

    Парите не можат да ве променат. Ако некогаш бидете богати и славни, тоа ќе биде само поради вашиот труд, како што е случајот со познатата авторка на романот за младиот волшебник Хари Потер, Џ. К. Роулинг. Денес таа е најбогатата британска авторка, која претходно била самохрана мајка и без постојана работа. Вие сте упорни како неа и никогаш не се откажувате од своите соништа кои кога-тогаш ќе ви се исполнат.

    Во приватниот живот и во работата давате сè од себе, а кога доживувате успех, останувате скромни и дискретни, затоа што не знаете да се ослободите и да уживате во резултатите од вашата работа. Исто како Роулинг, кога вие би биле богати како неа, би се повлекле во тишината и мирот на некој стар дворец и би продолжиле да го правите она што го знаете најдобро.

  • Најмногу одговори под Б

    Како да сте створени да бидете богати. Ваш модел е Париз Хилтон, наследничката на познатите хотели „Хилтон“. Како неа, и вие се потпирате на вашата моќ на заведување, привлечен изглед и умешност со која се движите во високите друштва. На вас ви се отворени сите врати и вие тоа вешто го користите. Уживате во животот со полна пареа и никогаш ништо не ве загрижува, затоа што знаете дека сите проблеми сами ќе се решат.

    Прилично сте површни и се препуштате на случувањата. Проблемите на другите не ве интересираат и ретко кој проект го завршувате до крај. Ако зад вас не стои моќно семејство, тогаш крајно време е да се промените.

  • Најмногу одговори под В

    Вешто управувате со деловното царство. Вие личите на Мадона, најдобро платената поп ѕвезда на светот, која успешно управува со своето деловно царство кое вреди 400 милиони долари. Вие поседувате интуиција која ви помага да донесете вистинска одлука во вистинско време или да искористите одлична шанса секогаш кога можете.

    Вашата храброст, амбиција и спремност да ризикувате, ве прават да сте одлична деловна жена, но во таа непрекината борба да се докажете, ги заборавате другите. Поради тоа пазете да не останете сами, затоа што тие пари нема многу да ви значат.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар