Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга

Таткото Бен и неговата млада ќеркичка Оливија ја изгубиле нивната сопруга и мајка Али, од еден редок вид рак на белите дробови, кога девојчето било старо само една година. Овој ноември, после две години поминати во „ролерскостер од тешки емоции“, Бен решил дека треба да се отселат од нивниот дом во Синсинати, Охајо во кој живееле со неговата сега почината сопруга. Пред да си заминат, за да ги овековечат последните спомени од нивниот живот поминат во таа куќа, Бен ја замолил неговата балдза и професионална фотографка Мелани Пејс да направи фотографии од него и неговата 3-годишна ќеркичка.

Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга

Пред 4 години, во 2009 година, Бен и Али ја затвориле вратата од куќата еден ден пред свадбата, за да направат свадбени фотографии во празен дом. Сега, Бен сакал да ѝ го каже своето последно „збогум“ на куќата и заедно со ќерката Оливија, ги рекреирале оригиналните фотографии од свадбата, кои биле направени од страна на истиот семеен фотограф.

Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга

И покрај тоа што Бен вели дека ја направил оваа фотосесија поради него и неговата ќеркичка, трогателните слики поставени една до друга си го пробија патот во интернет просторот, каде што многу луѓе ја искажуваат својата почит за автентичноста и ранливоста кои провејуваат во секоја од нив.

Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга

„Многу луѓе ме прашаа како се чувствував додека учествував во оваа фотосесија. Но, она што би сакал да го знаат е дека ова не е приказна за тага, болка и страдање. Да, поминав низ сите тие емоции и сè уште поминувам, но сепак тоа не е она што сакам луѓето да го видат во овие фотографии. Ова е приказна за една љубов“ – вели Бен.

Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга Татко и ќеркичка ги рекреираат свадбените фотографии со починатата сопруга


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар