Спремате тежок испит? Рузмаринот ќе ви помогне околу тоа!

Заборавате да им честитате роденден на вашите блиски луѓе? Не можете да ги запаметите имињата на луѓето коишто ќе ги запознаете? Изумивте да го испиете лекот? Тешко ги меморирате лекциите од испитот за на факултет? Мирисот на рузмарин ќе ви ја подобри меморијата, тврдат научниците. Истово го тврдел и Шекспир уште на времето.Спремате тежок испит? Рузмаринот ќе ви помогне околу тоа!Од истражувањето на психолозите од британскиот универзитет Нортумбрија, се утврдило дека вдишувањето арома од масло од рузмарин помага во јакнење на долготрајното помнење, будноста, концентрацијата и менталните способности. Тие откриле дека мирисот на оваа лековита билка може да ја зголеми меморијата за 75%.

Англиските научници тврдат дека вдишувањето на овој мирис ја подобрува способноста за присетување на минати настани и способноста за помнење задачи кои треба да се извршат во иднина. Преку серија од различни тестови, истражувачите покажале дека лицата кои вдишуваат мирис од масло од рузмарин, ги помнат задачите кои треба да ги извршат за 60-75% подобро, во споредба со лицата кои воопшто не помирисале рузмарин.

Учесниците биле подложени на серија тестови за меморија, кои вклучувале сокривање на предмети и нивно повторно пронаоѓање по извесно време или подавање на одреден објект на истражувач, во точно определено време кое било претходно специфицирано. Оние волонтери кои биле изложени на овој мирис, се присетиле на седум зададени задачи, а останатите се сетиле само на четири и тоа многу побавно од првата група.Спремате тежок испит? Рузмаринот ќе ви помогне околу тоа!Во крвта кај лицата кои доаѓале од ароматизираната просторија било детектирано повисоко ниво на 1,8-синиол, супстанца која се наоѓа во маслото од рузмарин и влијае на помнењето.

Рузмаринот се користел уште во древен Египет на свадбени церемонии за поттикнување на помнењето и верноста. Во современата билна медицина, рузмаринот се користи како благ анелгетик против мигрена и дигестивни болести.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар