Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?

Полскиот произведувач на ковчези Збигниев Линднер објавил секси календар со убави моделки, кои заведувачки позираат покрај неговите производи – ковчезите. Моделките се топлес или облечени во секси долна облека, бикини или корсети, прикажани во некои морбидни надреални сцени.Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Компанијата има за цел да ја покрене популарноста на своите производи и да го зголеми својот приход со својот мрачно-еротичен календар.Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?

„Идејата беше на син ми за создавање на ваков календар“ – вели сопственикот на компанијата. „Решивме да направиме нешто половина сериозно, разнобојно и убаво, што ќе ја истакне убавината на полските девојки и убавината на нашите ковчези.“

Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Линднер смета дека ваквите секси фотографии ќе го оттргнат теолошкото значење од умот на потрошувачите во однос на ковчезите.

Сакавме да покажеме дека ковчезите не се религиски симбол. Тие се производ. Зошто луѓето се плашат од ковчези, а не од бизнис костими, козметика или накит?“ – додава тој

Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Според ова, може да се каже дека сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези, со оглед на тоа што Линднер веќе неколку години по ред изработува секси календари за својот производ. Тој се продава на веб-сајтот на компанијата, а секој којшто ќе го нарача, ќе добие и компатибилен приврзок за клуч во облик на ковчег.Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Сепак, Католичката црква смета дека ваквиот календар е несоодветен. Нејзин претставник изјавил дека човечката смрт треба да се третира сериозно, а не како да е нешто забавно и не треба да се меша со сексот.

Следните фотографии, се од календарите на компанијата од изминатите неколку години:Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар