Сѐ што треба да знаете доколку сакате да се тетовирате

Без разлика дали сте љубител или противник на тетоважите и тетовирањето, морате да признаете дека постојат луѓе на кои овој украс им стои прекрасно. Сепак, постојат и оние за кои се прашувате зошто го направиле тоа. Но, како и да е, тетовирањето е важен и голем чекор на кој луѓето се одлучуваат за да остават на своето тело некоја трага на нешто симболично, впечатливо или дискретно. Станува збор за болен процес за кој треба да се подготвите, доколку сакате сѐ да помине во најдобар ред, па токму затоа денес одлучивме да ги решиме сите ваши дилеми во врска со тетовирањето и да ви откриеме што сѐ треба да знаете доколку сакате да се тетовирате.

3-sѐ-shto-treba-da-znaete-dokolku-sakate-da-se-tetovirate-www.kafepauza.mk_

Прво и основно – ќе боли

Во зависност од тоа на кој дел од телото ќе ја правите тетоважата, болката е помала или поголема, но едно е сигурно – таа е задолжителна! Професионалните тату мајстори на луѓето кои ќе се одлучат на овој чекор им препорачуваат да се фокусираат на дишењето. Исто така, обидете се да ги оттргнете вашите мисли од болката и размислувајте за нешто друго. Болката е привремена и затоа обидете се да се смирите со дишење и ќе биде многу полесно. Ако ни тоа не ви помага, секогаш постојат анестетици кои може да се користат, а кои може да ја намалат болката.

Бричењето (не) е неопходно

Често на Инстаграм можеме да видиме дека тетовираниот дел од телото е обричен, доколку станува збор за машка рака или нога. Меѓутоа, тоа не е голем проблем за тату мајсторите. Тие може да ги прават тетоважите и на необричени делови од телото, но најчесто го прават тоа за да си ја олеснат работата или доколку навистина е потребно. Ако сакате да им ја скратите работата, тоа можете да го направите и сами.

2-sѐ-shto-treba-da-znaete-dokolku-sakate-da-se-tetovirate-www.kafepauza.mk_

Кожата мора да биде чиста

Делот од телото којшто сакате да го тетовирате мора да биде чист. Кога го велиме тоа, мислиме на тоа дека на тој дел не би требало да имате акни или отворени рани. Доколку пак имате некои белези, со нив тату мајсторите може да се справат, но тоа зависи од типот на кожата и староста на повредата.

Дали треба да ја покривате веќе направената тетоважа?

Една од најголемите дилеми помеѓу луѓето е токму оваа. Некои тату уметници препорачуваат да ја прекривате тетоважата на неколку дена, а газата да ја менувате на неколку часа, додека други истакнуваат дека треба да го избегнувате покривањето на тетоважата. Затоа, во зависност од местото на кое се наоѓа вашата тетоважа, треба да ја покривате првите неколку вечери, но пред да го направите тоа добро исчистете го тетовираниот дел.

1-sѐ-shto-treba-da-znaete-dokolku-sakate-da-se-tetovirate-www.kafepauza.mk_

Колку време треба да помине за тетоважата да оздрави?

Овој период варира од личност до личност и зависи од тоа кој и како ја направил тетоважата. Затоа е важно веднаш после тетовирањето, да ја чистите тетоважата секоја вечер и да нанесувате тенок слој крема која помага во зараснувањето на раните, што е процес кој обично трае од две до четири недели. Во текот на овој период избегнувајте сончање или пливање, а ако вашата тетоважа не зарасне после четири недели и не почне да ве пече и чеша, најдобро е да се обратите кај својот дерматолог. Ако пак, сѐ е во најдобар ред, може да се случи процесот на зараснување да трае и до еден месец.

А што ако сакате да ја поправите направената тетоважа?

Коригираните тетоважи заземаат поголем простор на телото од оригиналните тетоважи, честопати се потемни и на многу тату уметници не им пречи да ги прават, иако тие знаат да бидат многу поболни. Совет, доколку не сакате да направите тетоважа која ќе ја носите цел живот, воопшто немојте ни да размислувате за тетовирање.

Исто така, дознајте на кои животни лекции может да ве научите луѓето со тетоважи

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар