Проблеми кои ќе ги разберат само невработените дипломирани студенти кои сè уште живеат со родителите

Проблеми кои ќе ги разберат само невработените дипломирани студенти кои сè уште живеат со родителите

Сигурни сме дека на денот на вашето дипломирање цврсто сте верувале дека уште следниот ден магично ќе најдете работа која е добро платена и совршено одговара на вашите желби и барања од кариерата. Не само што добро ќе заработувате, туку и ќе ја обожавате својата работа. Но, како што вашите денови без работа се претвораат во недели, а неделите во месеци, така и ентузијазмот почнува да ви опаѓа, а нервозата да зема сè поголем замав. Ако и вие сте невработен дипломиран студент, тогаш без сомнение ќе се пронајдете во овие 10 ситуации!

Проблеми кои ќе ги разберат само невработените дипломирани студенти кои сè уште живеат со родителите

1. По дипломирањето верувавте дека живеењето под кровот на родителите ќе ви помогне финансиски да се стабилизирате. Но, брзо почнувате да сфаќате дека е многу потешко да се најде работа одошто мислевте, па заглавувате подолго време кај нив.

2. Кога конечно ќе решите да ги средите вашите фиоки со факултетските книги, за прв пат станувате свесни дека веќе не се враќате на учење. Одеднаш почнуваат да ви недостасуваат дури и најздодевните предавања и се каете што не сте оделе поредовно на факултет.

3. Вашите родители решиле да живеат поздраво, па веќе не купуваат чипсови и чоколади, а вие не можете да живеете без нив. Едноставно не знаете како да им објасните дека ви е потребна брза и нездрава храна без да ја нарушите нивната желба за подобро здравје.

4. Често ви се случува да побарате од нив да го препрочитаат вашето CV и да го поправат, мислејќи дека така полесно ќе најдете работа. Но, и покрај нивните корекции и разубавувања на вашето резиме, вие сепак не успевате да се вработите.

5. Тие се секогаш тука за да ве утешат кога ќе добиете неколку мејлови во еден ден кои ве известуваат дека не сте ја добиле посакуваната работа. Може да се случи овие денови да добиете и утешна торта од вашата мајка, доколку таа има време да ви направи.

Проблеми кои ќе ги разберат само невработените дипломирани студенти кои сè уште живеат со родителите

6. На фамилијарните собири роднините ве прашуваат како се држите по дипломирањето и пред да имате можност да одговорите, вашите родители го прават тоа наместо вас. Најчесто нивниот одговор е: „Па, знаете, тешко е, нема работа, а не познаваме многу луѓе…“

7. Има моменти и кога решавате да направите пауза од барање работа, па решавате да помагате повеќе низ домот. Но, по првата тура садови, чувствувате како рацете ви горат од средството за миење и повторно почнувате со пополнувањето апликации.

8. Родителите редовно ве прашуваат за каква работа би имале страст, но вашиот одговор се менува од ден за ден. Иако сте завршиле факултет, вие сте толку збунети за вашата иднина што во еден момент посакувате да бидете астронаут, а веќе во следниот ѓубреџија.

9. Најлошото чувство што можете да го почувствувате е кога барате пари од вашите родители за едно кафе со пријателите, а веќе имате 20 и кусур години. Во овој момент веќе би прифатиле секаква работа, само да добиете барем мала независност.

10. Секоја вечер, кога вашата глава ќе ја допре перницата се прашувате дали некогаш ќе успеете да најдете работа. И брзо потоа се вклучувате на социјалните мрежи и до рано наутро јавно објаснувате колку вашиот живот е ужасен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар