Тоа што не го објавив на Инстаграм – вистинските приказни зад фотографиите на оваа социјална мрежа

Една жена добила интересна идеја за проект. Решила да го праша светот за вистинските приказни зад нивните фотографии на Инстаграм. Според неа, кога ја читала секоја приказна чувствувала олеснување. Ѝ станало јасно дека не е единствената личност која е несигурна и која се плаши. Проектот е наречен „Тоа што не го објавив на Инстаграм“ (#WhatIDidntPostonInstagram) и се состои од кратки есеи за вистинскиот живот и работите кои ги филтрираме пред да ги покажеме на надворешниот свет.

Луѓето се воодушевени од фотографиите со новороденчето

(1)neverojaten-proekt-shto-ne-objaviv-na-instagram-kafepauza.mk

„ Еве како навистина изгледаат првите недели од мајчинството. Бев премногу изморена дури и да си ги наместам прерамките на блузата.“

Понекогаш користам тајмер за да се фотографирам

(2)neverojaten-proekt-shto-ne-objaviv-na-instagram-kafepauza.mk

„Можеби не се забележува, но овде сум сосема сама.“

Понекогаш фотографијата е за личноста која ја објавува

(3)neverojaten-proekt-shto-ne-objaviv-na-instagram-kafepauza.mk

„Моето момче само што ми раскина и моите очи уште се црвени од плачење. Седев надвор, работев, се чувствував лошо, и решив да ја објавам фотографијата со инспиративна порака со надеж дека ќе ми биде подобро. Месеци подоцна повторно ја објавив фотографијата за да се потсетам дека преболувањето е возможно.“

Не гледате сè што води до среќен момент

(4)neverojaten-proekt-shto-ne-objaviv-na-instagram-kafepauza.mk

„Мајка ми ја направи оваа фотографија и ми рече дека ова била мојата вистинска насмевка. Она што не го знаете е дека поминав 30 минути плачејќи пред да се сретнам со неа бидејќи ми го скршија срцето. Ми беа потребни неколку пијачки за да го издржам денот. Ова е среќен момент, но тој ден беше многу тежок, а никој не знае за тоа.“

Ничиј живот не е совршен

(5)neverojaten-proekt-shto-ne-objaviv-na-instagram-kafepauza.mk

„Ова е погледот од домот на моите родители. Бев среќна што можев да живеам овде цело лето. Бев опкружена со прекрасно семејство, а сонцето постојано сјаеше. Но бев многу болна. И ментално и физички. Имам Кронова болест која се влоши ова лето. Едвај јадев. Бев премногу болна за да работам. Дури и станувањето од кревет ми беше тешко. Постојано бев анксиозна и депресивна. Погледот беше убав цело лето, но не можев да го видам бидејќи бев премногу зафатена со мојот ум и тело.“

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар