Науката зад зголемената желба за храна во оние денови од месецот

Науката зад зголемената желба за храна во оние денови од месецот

Знаеме дека менструалниот циклус може да биде вистински пекол, но дали некогаш сте се запрашале зошто во текот на овие денови се појавува голема желба за храна? Неделата пред, или за време на циклусот, некои жени искусуваат болки, подуеност, променливо расположение, па дури и зголемена желба за храна.

(1)naukata-zad-zhelbata-za-hrana-vo-onie-denovi-od-mesecot-kafepauza.mk

Што ја предизвикува желбата за храна?

Прво, важно е да знаете дека жените навистина јадат повеќе во овој период. Тие не си го измислуваат овој феномен. Истражување покажало дека внесувањето калории се зголемува кај жените кога наближува нивниот месечен циклус. Истражувачите ги следеле навиките на исхрана кај жени на возраст од 18 до 45 години и забележале значителни промени. Жените во просек внесувале 1.688 калории пред овулацијата. Тие јаделе 2.175 калории кога ќе почнела овулацијата и 2.164 калории по неа, односно во периодот пред почетокот на новиот менструален циклус.

Истражувачите забележале дека повеќето вишок калории доаѓаат од јаглехидрати. Едно истражување од 1989 година забележало дека жените значително го зголемиле нивното внесување на калории во деновите пред почетокот на менструалниот циклус. Џудит Вуртман, еден од научниците што го спровеле истражувањето, напишала цела студија за овој феномен.

„Волонтерите со нормална тежина внесувале околу 1.100 калории повеќе пред почетокот на менструалниот циклус, за разлика од другите денови во месецот“, рекла Џудит. „И не е изненадувачки фактот дека вишокот калории доаѓа од чоколадо, чипс, колачиња и грицки.“

Зошто сакате да јадете јаглехидрати и благо за време на менструалниот циклус?

Во 2014 година, Аманда Бонтемпо, рекла дека во деновите пред почетокот на менструалниот циклус се зголемува нивото на стрес. Поради ова се појавува желба за благо и јаглехидрати.

Како да ја спречите оваа желба за да не ја прекршите вашата диета?

Во нејзината студија, Џудит Вуртман напишала дека интензивниот ПМС може да ја уништи диетата.

„Нашите волонтерки немаа проблеми да се вратат на здравиот начин на исхрана откако ќе им помине менструалниот циклус и многу лесно ги изгубија килограмите што ги качиле во тој период. “

Таа исто така наспоменала дека диетата со намалено внесување јаглехидрати може да ја контролира оваа желба. Од друга страна, препорачува медитирање, читање или некоја слична активност во овој период за намалување на влијанието.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар