Науката ги открива 5-те начини да бидете посреќни во животот

Науката ги открива 5-те начини да бидете посреќни во животот

Среќата не треба да има граници, но ретко кој вели дека е доволно среќен. Кога сме тажни, сакаме да бидеме среќни. Кога сме среќни, сакаме да бидеме посреќни. Но, како можеме да го постигнеме тоа? Во една студија, Раџ Рагунатан – автор на книгата „Ако сте толку памтени, тогаш зошто не сте среќни?“ вели дека на луѓето им се потребни неколку работи за да бидат среќни.

Науката ги открива 5-те начини да бидете посреќни во животот

Првата работа е кога се задоволени нашите основни потреби: Храна, облека, дом… Тогаш можеме да се фокусираме на најдобрите начини да ја пронајдеме среќата. Но, Раџ вели дека постојат и 3 други барања: Социјално поврзување или чувство на припадност, чувство дека сте добри во она што сте избрале да го правите, како и автономија и слобода.

„Иако потребата да бидеме сакани, потребата за супериорност и потребата за надворешна контрола можат краткотрајно да го зголемат нивото на среќата, сепак тие најверојатно ќе го намалат нивото на долгорочен план. Спротивно на тоа, потребата да сакаме, да ја бараме страста и потребата за внатрешна контрола имаат потенцијал да нѐ направат среќни не само краткорочно, туку и долгорочно, а и да ја зголемат среќата на другите околу нас“, вели Раџ.

Па кои се 5-те елементи кои се совпаѓаат со теоријата на Раџ и можат да нѐ направат посреќни?

Науката ги открива 5-те начини да бидете посреќни во животот

1. Фокусирајте се на она што го сакате и не се споредувајте со другите

Истражувањата покажуваат дека големите достигнувања, како на пример унапредувањето, придонесуваат за 40% од среќата, но возбудата избледува по одредено време. Ова е причината зошто треба да ја насочите енергијата кон работите во кои уживате отколку внатрешно да се споредувате со другите за кои мислите дека се подобри од вас.

2. Смејте се повеќе

Една студија покажува дека ако се смеете или исправите, тоа може да има позитивен ефект на вашето расположение, нивоата на стрес и исходот. Со самата одлука да бидете среќни наместо тажни, можете да станете посреќни.

3. Ставете поголема важност на искуствата, не на парите

Научниците тврдат дека работите кои ни даваат подолготрајна среќа се искуствата како патувањата, надворешните активности, новите вештини, посетите на културни установи и сл. и можат многу повеќе да нѐ усреќат отколку парите.

4. Откажете се од Фејсбук, односно намалете ја употребата

Истражувањето направено од „Институтот за истражување на среќата“ открило дека оние испитаници кои се откажале или ја намалиле употребата на Фејсбук биле посреќни, поентузијастични, поодлучни, трошеле помалку време и чувствувале дека повеќе уживаат во животот.

5. Запомнете ги добрите времиња

Добар начин да се зајакне внатрешната сила без надворешна валидација е да се охрабруваат позитивните мисли и чувства, а тоа може да се направи кога ќе се присетите на среќните и радосни времиња. Среќата е нешто што никогаш не е во доволно големи количини и е нешто што сите ние го заслужуваме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар